diamondСледејќи го успехот на филмот Изи Рајдер ("Easy Rider"-1969), custom bike дизајнот во Велика Британија зазеде нов правец, изработка на Чопери, водејќи до основање на мотоциклистички клуб исклучително посветен на custom машинеријата и нејзините јавачи.

Во 1973 National Chopper Club е составен и основан од Бил Гил (Bill Gill) , Пит Гартер (Pete Gaertner) и Сид Велингс (Syd Wellings) со цел за:

1. Генерирање подобро разбирање меѓу Чопер ентузијастите и јавноста.
2. Подобрување на стандардите за сигурност и конструкција на Чоперите.
3. Доведување на сите Чопер ентузијасти поблиску заедно.

Делумно кревајќи го нивото на цитатот од клубско мото во минатото, “National Chopper Club постои за да ја промовира, заштити и ужива Custom bike културата во Велика Британија“. Настрана од клубската субсеквентна експанзија во Европа и Скандинавија ова е идеал кој останува близок до сржта.

 

Цитат:

“Значајноста на Chopper Club е голема во тоа што фокусот им го додели на изработувачите и возачите на овие уникатни моторцикли кој предходно делуваа во изолација.Медиумската покриеност во тоа време беше неспоредливо посиромашна од денес, некоординирана, често бесполезна и непрепознатлива. Осознавањето дека некаде таму имало и други луѓе чиј што вкус за моторциклите е сличен како нашиот и дека беа спремни да излезат надвор и направат нешто околу тоа беше навистина добродојдено. Затоа јас во Август 1973 се приклучив во клубот. На крајот на годината организацијата на клубот напредна, и Бил Гил стана нашиот прв претседател.....“

Сту Гарланд 1998

BSH custom bike magazine office

(изјава за публикацијата по повод 25 годишнината на Chopper Club)

Првиот официјален National Chopper Club (NCC) собир се одржа на славниот Santa Pod (www.santapod.co.uk), викендот 1973. Од многуте истомисленици, кој во тоа време сметаа дека “банана седиштата“ и “долгите предници“ се врвен вкус, формирн е првиот комитет за да го предводи клубот, а добро познатиот црно бел грб во форма на дијамант не беше представен се до 1975 година. Бил подоцна за една публикација по повод 25 годишнина на Chopper Club изјавува:

“...Од малите шишарки се создаваат импресивните дрвја. Моравме да се посветиме сериозно, да формираме комитет (Committee) , имајќи ја привилегијата да бидам првиот Претседател, создадовме правила, поставивме Reps (од Representative) на секое county (област), почнавме да организираме собири на национално ниво, забави, јавни настани и масивни заеднички возења. Наскоро имавме и клубски весник (наменет само за членовите) во тоа време. Исто така моравме да ја разбереме важноста на политичкиот развиток и предстоечката легализација која можеше да влијае врз кастомизацијата и бајкерите во иднина. Лобиравме, организиравме легални предизвици подржувајќи ја одбраната во судот во тоа време против јавното обвинителство. Се соединивме финаниски и лично со секоја организација со која имавме исти цели. Затоа мораме да ја цениме слободата која ја имаме денес, и да направиме се за да го унапредиме тоа, особено земајќи ја во предвид состојбата во ЕУ која влијае врз кастомизирањето....... “

“...Иднината на нашиот идентитет како независен клуб значеше дека ни треба грб кој што ќе ја рефлектира клубската личност и идеал......“

“...Многу разни нешта ме импресионираат по сето ова време поминати во клубот. Професионализмот и организацијата на Chopper Club, експанзијата во Европа, за мене е навистина зачудувачка. Тоа е процес во развиток, што го чини клубот еден од најголемите во Европа (во секоја смисла), ако не и во светот, со стотици и стотици членови во 9 различни земји денес.“

“...Заради овој клуб, ги сретнав најневеројатните луѓе во мојот живот и поминав прекрасни години насекаде низ Европа, што многу го ценам. Нанапред и наназад со Дијамантската империја!“

Bill Gill

Првиот Претседател и Првиот Почесен Доживотен Член

Позицијата на Бил Гил 1978 година ја наследи Дино, кој како Претседател се задржа кратко, но остави траен печат на клубот на два начина. Првенствено организираше изложби со машинеријата на NCC во тоа време на престижните кастом шоу за моторцикли и автомобили. Ова не само што го донесе квалитетот на NCC моторциклите пред широката јавност туку исто така ги поттикна членовите на клубот да изработуваат уште подобри дела со повисоки стандарди.

Понатака Дино ја предводеше годишната “Run to the Sun“ манифестација во Јужна Франција (во тоа време патувањето во Европа не беше така често и лесно изводливо како денес), што придонесе подоцна за ширење на клубот во Европа.

Во Август 1979 година Бутс ја предаде позицијата на Ханк кој ја продолжи дејноста што Бутс ја започна, помагајќи да се утрвдри Chopper Club Germany и Chopper Club Norway. Ханк исто така ја разбра опасноста презентирана во врска со моторциклизмот од страна на Европа, бидејки изработувачите и возачите на кастом моторциклите беа на добар пат да загубат многу низ ЕУ легализацијата. Ханк поведе кампања за скоро оформената организација FEM и во 1995 им го презентираше чекот од 3500 фунти, првиот од неколкуте донации од страна на NCC.

Веројатно Ханк ќе останеше на претседателката позиција подолго време како Бутс, што сите и го очекуваа. Но во 1994 на патот кон 10 годнишнината на Chopper Club Belgium, доживеа тешка сообраќајна незгода која го остави со тешки повреди на главата. Како и да е, постојат само неколку цврсти работи, како што се тврдоглав Велшанин и по долго закрепнување Ханк успеа да се излчечи целосно.

Мат ја презеде функцијата во 1996 и безусловно продолжи со утврдување и проширување на клубот во северна Европа. Низ величенствено планирање тој го организираше и поведе првиот масивен клубски собир во Норвешка во 1997. Euro Run се одржа во Норвешка под организација на CC Norway. Мат исто така го воведе клубот во 21 век консолидирајќи ја клубската репутација и утврдувајќи темели за годините што следат.

Значаен податок за споменување е исто така дека токму во времето додека Мат го водеше Chopper Club, остварен е првиот контакт меѓу неколку извесни бајкери од Македонија и Chopper Club!

А денес клубот го води Крис шестиот Претседател по ред, по 38 години постоење, а Chopper Club заслужено и докажано го ужива реномето и името со кое го нарекуваат “Дијамантска Империја“ (Diamond Empire).

 

Неколку изјави од значајни личности врзани со клубот по повод 30 годишнината на

Chopper Club

...Ништо не може да се спореди како чувството додека возиш на едно уникатно екстраординарно возило по “мерка“ на споственикот. Да се биде бајкер е да се биде индивидуален во секој аспект. Замислете како се чуствував првиот пат кога бев дел од Sunday Run со стотици индивидуалци но со иста заедничка цел – тоа е она што Chopper Club мене ми значи. Сеуште имам грутка во грлото по 20 години секој Sunday Run додека возам во огромна група со браќата од клубот. На кратко Chopper Club ми ги даде најдобрите години на мојот живот. Да имаме уште многу повеќе. Да живее Дијаманската Империја. Респект на сите....

MAT

PRESIDENT

NATIONAL CHOPPER CLUB (од публикацијата по повод 30 години Chopper Club)

... За време на прославата по повод 30 годишнината оваа година разбрав дека мојата инволвираност во клубот продолжи понатака ; наместо да ми поминат годините од животот, клубот стана мојот живот…

Nige Bamber

HONNORARY LIFE MEMBER (joined the club 1973)

….Најпрво бев инволвирана со Chopper Club од прилика петнаесетина години предходно преку мојот екс сопруг. Кога го напушти клубот (не за долго и мене), јас некако останав. Од тогаш ја имав честа да бидам редовно канета на клубските забави и бев третирана како дел од црно белата фамилија. Поминав незаборавни моменти во клубските простории во NCC Newcastle и NCC Suffolk. Се забавував со клубот, се грижеа за мене, поминав низ секакви невремиња (особено во NCC Glowchester и Cublington), дожд и кал, прославував со нив по венчавки, родендени и плачев на погреби.

Често бев прашувана низ годините зошто еминентите Кастом бајк магазини како BSH (http://www.backstreetheroes.com/) и AWOL во кој сум јас една од главните уредници, објавуваат толку често моторцикли од Chopper Club. Тоа прашање ми е секогаш чудно заради својот очигледен одговор – затоа што Chopper Club изработува и вози исклучиво Кастом моторцикли, и тоа едни од најдобрите во светот. Кастомизацијата на моторциклите беше причина зошто клубот започна со своето постоење и истата причина е движечката сила во клубот и денес.....

BLUE

BSH Editor

 

Chopper Club Germany

Кратка историја

1992 неколкумина згодни момци кој беа вљубеници во Чопери, редовно се среќаваа во нивните гаражи за да работат на својте уникатни моторцикли. Репортажи за моторциклите на NCC во Back Street Heroes беа проследени до нив и тие одлучија да стапат во контакт со клубот во времето кога Ханк беше Претседател. По контактот и многуте меѓусебни посети во Германија и Велика Британија во 1993 Chopper Club Germany беше официјално оформен и представен на јавноста. Најпрво беа под одговорноста на CCB и Стеф - Белгискиот Претседател. Во 1994 првиот грб беше презентиран, а со тоа и првиот Германски REP ( од Representative) беше поставен на своето место.

1995 првата матична област (county) во Германија го доби името Chopper Club Westfalen.

Група бајкери од југот на Германија се придружија на клубот во 1995, и подоцна прераснаа во CCG Main-Tauber.

1994 се одржа првата CCG забава и собир во Iserlohn, а во 1995 традицијата продолжи и прерасна во легендарната забава- Westfalen Octoberparty.

Во 1998 Main-Tauber станува поголем и се раздели на Main-Tauber, Hessen и Schwaben.

1998 се отвори првиот клабхаус (clubhouse) во Westfalen и првиот собир се одржа во Miltenberg (Main-Tauber).

2000 се одржа собир и забава по повод независноста на CCG во близина на Neheim во областа Westfalen.

Патрик е представен за првиот Претседател на CCG!

2001 е оформен Oswestfalen, а подоцна името е променето во CCG Paderborn.

2002 е одржан вториот CCG собир: го носи името D’day 2002 и е одржан во Eifel близу до Келн подржан од целиот Chopper Club со членови од сите земји каде што клубот е распространет и гости од секаде во светот.

2003 беше формиран CCG Ruhrpott од некои членови на CCG Westfalen.

2004 е година на одржување на третиот собир во организација на CCG, западно од Келн : Custom Bike Shootout на кој Марио беше презентиран како нов Претседател на CCG.

CCG Rheinland беше формиран по иницијатива на неколкумина членови од CCG Wesftalen.

2005-2010 пиење – пцуење – судири – борба - моторцикли и неколкумина бајкери од Mакедонија од редовите на CCG официјално стануваат дел од Chopper Club и активно делуваат во Македонија; својата татковина и соседните земји од Балканот.

2010 прослава по повод 10 годишнина од независнота на Chopper Club Germany со Euro Run наречен Jugle Run во Paderborn – Germanija. (Еуро Ран е најголемиот собир на Chopper Club и се одржува секоја година на различно место во земјите каде што Chopper Club е распространет. Тој собир е задолжителен за секој член на Chopper Club)

www.chopper-club.com

Македонскиот дел т.е. македонците од Chopper Club кој живеат и делуваат во Татковината,Балканот и Европа воедно денес имаат зад себе миниум 5 Euro Run-a, секоја година на различни места низ Европа, безброј помали Chopper Club собири и забави во Англија, Велс, Германија, Белгија, Холандија. Стандардот на нивните уникатни моторцикли воопшто не заостанува зад севкупниот висок стандард на Chopper Club и што е најважно истите тие моторцикли се возат насекаде низ Европа од мото собир до мото собир по секакви временски услови непрестајно држејќи ја активноста на Chopper Club на високо ниво.

 

Често поставувани прашања:

Дали Chopper Club е MC клуб?

-          Не, но правилата на клубот се подеднакво строги како и во секој голем MC клуб во светот (ако не и построги) иако не носиме 3 делни грбови (ознаки). Исто така и односот на Chopper Club во смисол со јавноста и другите клубови е ист како и на секој друг голем MC клуб. Секогаш стоиме цврсто, одговараме и го браниме она што е наша одлика и суштина. Во редовите на клубот често велиме дека ние не сме MC туку ние сме едноставно само Chopper Club. Постојат повеќе извесни MC клубови и Chopper Club!

Ако сум Македонец (или доаѓам од соседните држави) дали може да станам дел од Chopper Club?

-          Доколку имаш добри намери. и поседуваш сопствен моторцикл над 500cc, и имаш желба да бидеш дел од легендата Chopper Club за со својот уникатен моторцикл и братсвото да патуваш насекаде низ Европа имајки ја како на дланка, потребно е да се обратиш (стапиш во контакт) до Chopper Club. Понатака Chopper Club ќе те предводи и упати во се останато. Или пак да стапиш во контакт со Chopper Club Germany како и со Македонскиот дел од Chopper Club кој е активен на ова подрачје.

Дали името и грбот на клубот се заштитени?

-          Да и тоа со интернационалните закони за заштита на права за грбот (Дијамантот) и името Chopper Club (во форма со сите негови наставки и додатоци пред и по името). Приоритетот на користење на Грбот на клубот и името, му припаѓа исклучиво и единствено на Chopper Club!

Моторциклите кој ги возите во Chopper Club дали се доволно сигурни и дали ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот?

-          По 38 години постоење и илјадници поминати милји низ цела Европа во најмала рака е најсоодветниот одговор на поставеното прашање. Кога ќе се спомнат високите стандарди во Chopper Club и нивните уникатни моторцикли, тоа не значи дека тие имаат само убав изглед. Пред се покрај тоа што се уникатни (не постојат 2 исти) тие се изработени за да бидат доверливи и сигурни, за членовите на Chopper Club сигурно да ги поминат илјадниците километри секоја година по секакви временски услови на собирите кој ги организираат и посетуваат.

Колку членови има Chopper Club?

-          Доволно! По толку многу години постоење и официјално распротранетост во 9 Европски земји со сигурност Chopper Club е најголемиот клуб во светот посветен исклучиво на уникатните Кастом моторцикли, а воедно е еден и од најголемите клубови во светот. Правилно ќе биде ако се размислува за бројка од илјади! Како што Претседателот Крис Хабан на последниот Euro Run во Wales оваа година изјави:

“...We have never been this big as we are today!....“

Ве видов како поминувате со моторите, ми изгледавте некако страшно и помислив дали Chopper Club e криминална организација?

-          Да! Одговорот на Македонскиот дел од Chopper Club е таков затоа што ни здодеа со години да ги разбиваме погрешно поставените стереотипи на Холивуд и да се занимаваме со локалната малограѓанштина. Ни досади постојано да го докажуваме и одговараме истото напразно поставено прашање. Веќе стана патетично. Текстот погоре ионака најдобро кажува кој сме и што е Chopper Club.

Имам семејство. Дали тоа е пречка да возам со вас и да станам дел од Chopper Club ?

-          Апсолутно не. За разлика од некој други големи клубови, кај нас семејството доаѓа на прво место а потоа клубот, и не обратно. Низ сите овие години искуство се покажа дека без подршка од семејствата на членовите низ годините Chopper Club немаше да биде ова што е денес.

Дали во клубот има членови жени кој носат грб на клубот?

-          Не. Заради правилото востановено уште од самиот почеток на клубот.

Дали можам и каде да купам официјална Chopper Club support gear (супорт опрема)? И што значи тоа за клубот?

-          Chopper Club support gear може да се набави и во Скопје. Доволно е да се обратите на 070218680 или на меил. Вашата подршка ни значи исклучително многу! Со секое купено парче не само што директно го подржувате Chopper Club туку допринесувате и стандардот на опремата што ја нудиме да биде на значително високо ниво. Chopper Club се грижи за тешко заработениот денар нашите супортери секогаш да добијат повеќе!

Back To Top