Настанот ќе се одржи од 5 до 7 јуни 2026 година. Централна локација е кампот Љубаништа, Охрид.
Во рамките на овие три дена главниот дел од програмата ќе понуди три сегменти:
По денови планот сега за сега изгледа вака:
Конкретните детали, темите, презентациите и предавачите ќе бидат објавувани на marc.mk и на нашиот официјален Инстаграм канал (@marc.advcamp).
Настанот ќе биде од комерцијален карактер, што значи дека ќе се плаќа котизација за учество. Во план е да понудиме две опции за котизација. Едната опција ќе вклучува комплетна влезница која покрај учеството на самиот настан и пакетот за добредојде ќе вклучува и сместување и храна во кампот Љубаништа. Другата опција ќе биде без сместување и храна. Цените за котизациите и самата регистрација ќе ги објавиме на почетокот на 2026 година. Дотогаш, сите заинтересирани може преку marc.mk да се претплатат за да ги добиваат навремено сите известувања.