Распоред за следење на МотоГП Унгарија
По трката во Италија, MotoGP караванот се сели во Унгарија, каде што продолжува сезоната со Гран При на...
Во салонот на Нов Модел од Куманово можете да ги погледнете новитетите од Kymco.
Kymco 200i

Downtown 200i е достапен во сребрена и црна металик боја, а чини 3.790 €
K-XCT 300i

K-XCT 300i е достапен во бела мат и црна мат боја, а верзијата со ABS чини 4.690 €
XCITING 400i

XCITING 400i е достапен во бела мат, црна мат и црна металик боја, а верзијата со ABS чини 5.490 €, а во Македонија ќе биде достапен од месец Јуни
G-DINK 300i

MYROAD 700i

MYROAD 700i е достапен во бела, црна и сребрена металик боја, а чини 8.490 €
Повеќе информации за моделите можете да добиете од веб сајтот www.kymco.com.mk или на фејсбук фан пејџот (кликнете овде).
За целиот ценовник на моделите Kymco кликнете овде.
Увозникот на Кимко, „НОВ МОДЕЛ“ од Куманово е со седиште на ул. Доне Божинов бр.29 , 1300 Куманово, е-маил:
Како и секоја година на 1-ви јануари моторџиите се собираат на плоштадот Македонија во 12 часот за симболично да го означат почетокот на новата сезона.

Ладното време годинава не беше пречка за повеќе од 100 вљубеници во машините на две тркала да си ја честитаат Новата Година со греана ракија и винце. На плоштадот присуствуваа повеќе искусни и добро познати моторџии како и новајлии за кои ова беше прво зимско возење.
За сите слики од настанот кликнете овде.
Членовите на мото клубот „Pro Moto Speed" го искористија настанот за соодветно загревање на моторите пред почетокот на сезоната :)
Драги пријатели,
Денес сме посебно радосни. Ја започнуваме новата 2013 со целосно нов Мотори.ком.мк.
Како и во изминатите 5 години, постојано сме во чекор со технологијата, па затоа и работевме напорно во изминатиот период да го добиеме она што го сакавме. Нов сајт кој ќе биде приспособлив без разлика дали го прегледувате од компјутер, лаптоп со помала резолуција, таблет или мобилен.
Сакавме да ја задржиме едноставноста и прегледноста, но сепак да се модернизираме. Ги истакнавме оние категории на вести кои најмногу сакате да ги читате, а им дадовме предност на оние работи за кои постоиме - македонскиот мотоциклизам. Ќе ги забележите новите категории на вести, а секако тука е и копчето Задолжително во кои ќе ги најдете сите содржини по кои се издвојуваме. Форумот и Заедницата сега се со изедначени стилови и оптимизирани за поголема брзина при прелистувањето.

Му благодариме на тимот кој посветено работеше изминативе месеци за да го добиеме овој производ.
Сепак, најважно ни е вашето мислење па ќе ни биде драго да го добиеме вашиот фидбек.
Знаеме дека бевте навикнати на нешто малку поинакво, но сите промени се добредојдени особено ако се во вистинска насока. Веруваме дека ќе продолжиме да бидеме дел од вашето секојдневие.
Ви посакуваме пријатен ден!