Распоред за следење на МотоГП Унгарија
По трката во Италија, MotoGP караванот се сели во Унгарија, каде што продолжува сезоната со Гран При на...
MV Agusta Rivale е моторот околу кој имаше најмногу објективи на неодамнешниот саем „EICMA“ во Милано. Иако јавноста е подолена околу изгледот на моторот, генерално поминува позитивно кај публиката, а она што е под пластикит е повеќе од доволно.
Иако упативме критики до Сузуки пред неколку дена, нивниот партнер, производителот на издуви „Јошимура“ ја претстави специјалната едиција на новиот Suzuki GSX-R 1000 2013 на кој е грев да му се најде замерка. Во продолжение погледнете го видеото и галеријата од новиот ѕвер кој ќе се појави на пазарот на почетокот од следната година.
Хонда го претстави CBR600RR 2013 на саемот „EICMA“ во Милано на кој присуствуваме и имавме прилика одблиску да се запознаеме со новиот модел. Видно изменетата предница беше најава дека инженерите во Хонда ги засукале ракавите и сериозно работеле на аеродинамиката, па затоа и главниот акцент беше ставен на подобрувањето за 6,5% во однос на претходниот модел.
Саемот „EICMA“ во Милано беше празник за очи, со нетрпение го очекувавме секој штанд на големата јапонска четворка, за да пристигнеме до оној на Сузуки. Ги баравме новитетите, а тие беа пред нас, истите модели кои ги познаваме, само во нови бои.