Леон Камиер можиби си замина разочаран од Тајланд поради фактот дека за малку му избега местото на подиумот, но сепак резултатите кои ги постигна Red Bull Honda укажуваат на тоа дека тимот постигна напредок во однос на минатата сезона.
Kawasaki потврди дека трикратниот Светски Супербајк шампион како и победникот на трката „Suzuka 8 Hours“ во 2012 година, Џонатан Реа ќе биде дел од оваа позната трка на издржливост, а на тимот ќе му се придружи уште еден поранешен победник - Леон Хаслам.