Малезискиот возач, Хафиз Сиахрин е еден од главните кандидати кои ќе го заменат Германскиот возач Јонас Фолгер во MotoGP тимот на Monster Yamaha Tech 3 за сезоната 2018. Со ова, дваесет и три годишниот возач би можел да стане првиот натпреварувач кој доаѓа од Југо Источна Азија.
Suzuki стана последниот тим кој го претстави MotoGP мотоциклот со кој ќе настапува во сезоната 2018. На патеката во Сепанг каде се одржува првиот официјален пред сезонски тест, Андреа Ианоне и Алекс Ринс ја претставија новата машина.