Австралијанецот Клинтон Мур беше крунисан за победник во светската серија Red Bull X-Fighters за сезоната во 2015 година, на последното натпреварување одржано во Абу Даби. Тој победи во финалето со што јазаврши сензационалната сезона во најпрестижното светско натпреварување во мотокрос слободен стил со три победи, една повеќе од најголемиот ривал Французинот Томас Паже.