Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе биде претставувана од 5 возачи во 2 класи. Во класата до 125цм3 (SP Junior) ќе настапуваат Аргетим Рамадани (МК Мотори), Христијан Бузалковски (МК Мотори) и Марин Сугарев (МК Мото Велес). Во класата до 600цм3 (SBKS600) ќе настапат Игор Спиров - Зизи (МК Гого) и Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).
Борче Костов - Жолт, Јове Стојков - Јовтиќ, Мирче Ќорнаков, Васко Киров, Саше Трајков, Борис Мојсовски, Никола Дабиќ, Николче Тодоров - Мајорот, Илија Минев, Јован Јовановски и Ангел Ристов се натпреварувачите кои оваа сезона ќе носат бодови за МК Ноќни Волци.
По двата одржани слободни тренинзи на патеката „Circuit of the Americas“ во Тексас (САД) Дукати и Хонда се најдоа на врвот на провизорните листи, а времињата на првите 7 се со разлика помала од 1 секунда. Дукати не запира но Хонда го возвраќа ударот преку Маркез, а Роси и Лоренцо повторно ќе се обидат да се замешаат во предниот дел од колоната, па сигурни сме дека во недела не очекува возбулива трка.