Силван Гинтоли минатата недела го имаше првиот тест на новата Honda CBR1000RR Fireblade SP за Pata тимот за кој ќе настапува следната сезона во Супербајк шампионатот.
МотоГП сезоната заврши викендов со последната трка која се возеше на патеката Валенсија во Шпанија. Шампионот Марк Маркез со стил ја заврши сезоната, дојде до рекордна 13-та победа една повеќе од онаа на Мик Дуан од 1997 година.
Квалификациите на патеката во Валенсија му ја донесоа 50-та пол позиција во кариерата на Валентино Роси, прва за него сезонава, всушност прва по онаа на патеката Ле Ман во 2010 година.
Супербајк сезоната дојде до својот крај, пред последната рунда која викендов се вози во Катар сè се сведе на ова: две трки, двајца возачи, два тима и една титула на дофат.
Двократниот Светски шампион Кејси Стонер помина два дена во Јапонија со тестирање на новата Хонда со која Марк Маркез и Дани Педроса ќе се натпреваруваат во 2015 година.