МФМ традиционално и по јубилејен 5 пат ќе го организира натпреварот „Гран При Македонија“ во рамките на Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос во 2013 година, кој ќе се одржи на 30 и 31 март на патеката Милци крај Гевгелија.
Малку е веројатно дека некој македонец ќе има можност да вози на новата патека на Америка во Остин, Тексас, бидејќи само изнајмувањето чини 50,000$, но оние неколку среќни новинари кои ќе имаат можност да го сторат тоа, би требало да внимаваат на она што ќе го каже MotoGP возачот Колин Едвардс.