Со денешното соопштение челниците на Дорна, ФИМ и ИРТА ставија крај на шпекулациите за годинешниот шампионат, отпаѓаат Аргентина, Тајланд и Малезија, а во календарот е додадена трка на 22 ноември на патека која дополнително ќе биде објавена но ќе биде во Европа.
Сезоната во брзински мотоциклизам требаше веќе да биде во полн ек, но заради пандемијата со вирусот исто како и во Светски рамки и локалните шампионати беа одложени. Разговараме со Хрситијан Бузалковски за актуелната состојба и неговите размислувања за претстојната сезона.
Денеска и официјално беше потврдено дека Пол Еспергаро ќе му прави друштво на Марк Маркез во тимот на Хонда во 2021 година, а веднаш потоа следуваше и соопштението од тимот на LCR Honda во кое потврдија дека Алекс Маркез ќе биде нивни возач следната сезона.