Во недела со почеток од 10 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде одбележана неделата за безбедност на мотоциклистите во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Мотоциклистичката Федерација на Македонија.
Мото клубот MCC Coyotes – Скопје на ден 27-07-2014 ги поканува сите Мото клубови и вљубеници во мотоциклизмот на еднодневно групно и заедничко дружење и возење до Охрид (Св. Еразмо) кое традиционално го организираме во чест и сеќавање на нашиот другар Тони Охохо.