Веќе знаеме дека ни пристигнува нов Suzuki Hayabusa но засега нема доволно информации каков ќе биде тој мотоцикл, какви карактеристики ќе има и како ќе изгледа. И покрај ова, постојано има гласини за тоа што се ќе соддржи овој модел. Најновата таква информација ни доаѓа од Италијанскиот магазин „Insella“.
Harley-Davidson е еден од неколкуте големи производители кои планираат да се посветат на производство на електрични мотоцикли. Досега единствено КТМ претстави електрична верзија на еден од своите главни мотоцикли додека пак BMW претстави електричен скутер.