Над 150 моторџии од мото клубот „Ноќни волци“ од повеќе словенски земји учествуваат во проектот наречен Славјански свет. Нивната мисија, која ќе трае 20 дена, почна од Нитра Словачка, информираа денеска на прес конференција од македонскиот мото клуб Ноќни волци.
На мото шоуто EICMA во 2015 година, дебитираше Husqvarna 701 Vitpilen како нео-ретро модел кој ни покажа нова насока на уличната линија на Шведскиот производител. Денеска гледаме дека ќе дебитира и моделот „Svartpilen“ 701, а од неколкуте фотографии веќе можеме да видиме како отприлика ќе изгледа тој.
Во последно време има многу гласини во однос на тоа дали Ducati е на продажба и кој би можел да биде идниот сопственик на легендарниот Италијански бренд. Речиси секој голем производител на мотоцикли во изминатиов период е поврзан со купување на Ducati Motor Holding. А сега можеме да додадеме уште една компанија на тој список, MotoCorsa.