Прва работа што луѓето ја помислуваат кога временските услови ќе се влошат е „ова е гнасно време“ и затоа нема да се возам... но тоа не треба да е така. Очигледно тука не станува збор за снег и мраз, но возењето на мотор на влажно време може да биде повеќе едукативно отколку возење во суви временски услови.
Моторот е единствено превозно средство со свој погон, каде возачот и совозачот директно со своите сетила можат да уживаат во природата, но од друга страна и директно се изложени на сите природни непогоди. Обично сувото време со температура од некои 14-15 степени и нагоре, не претставува проблем за возење со мотор, но што под тие, па дури и минусни температури?