Компанијата која кај нас е позната по продажбата на кинески скутери и мотори сепак во својата програма нуди и мотори од светски познати брендови. Таков е примерот со моделот за 2012, Kawasaki Brute Force 750 4x4i (special edition) кој веќе е во продажниот салон на Хамачи.

Мото клубот Конзули од Битола е млад клуб формиран и регистриран во месец Јануари 2011 од повеќе основачи ентузијасти. Идејата за основање на клубот трае подолго време, а со оглед на бројноста на заинтересираните имаше голем притисок за основање на клубот. Во меѓувреме наши членови - моторџии повеќе години учествуваа на разни мото тури и дружења, сепак тоа беше доста неорганизирано и несоодветно.
Нашиот мото клуб Конзули Битола е отворен клуб за заинтересирани моторџии и љубители на мотори кои сакаат дружење, возење и учество на разни собири, манифестации, хуманитарни акции, чувајќи ја природата и околината. Располагаме со сопствени простории на ул. Железничка б.б. Битола.
Доколку ги земеме во предвид цените на “јапонците”, разбирливо е зошто секој трет моторџија размислува за алтернативно решение. Сакајќи да им излезе во пресрет на оние луѓе чиј буџет не им дозволува да одвојат петоцифрена сума за брзинец, дечките од Максима започнаа со увоз на корејскиот бренд Hyosung.