(Време на читање: 1 - 2 минути)


Aprilia SR50 е легендарен скутер кој ги постави темелите на новите технолошки достигнувања во светот на скутерите. SR50 е првиот скутер на кој беше вграден мотор со директно вбрзигување на горивото, водено ладење, двојни дискови како систем за кочење и 13 инчни тркала. 

sr50-3

Aprilia SR50 е легендарен скутер кој ги постави темелите на новите технолошки достигнувања во светот на скутерите. SR50 е првиот скутер на кој беше вграден мотор со директно вбрзигување на горивото, водено ладење, двојни дискови како систем за кочење и 13 инчни тркала. Пионирот во оваа технологија не запира, новите модели носат нов стајлинг кој е инспириран од RSV 1000 R Factory, а тука е и новиот челичен рам. Благодарение на новиот рам, на скутерот му е зголемена ригидноста и има подобрена агилност. Додадете ја на тоа и супериорната мулти-функционална инструмент табла, и добивате прекрасен скутер со одлични перформанси.

Кај новите модели карактеристичен е хоризонталниот двотактен агрегат со еден цилиндар кој има зафатнина од 49цц и развива 3,7 кс кај „SR R“ и 5,4 кс кај „SR R Factory“ моделот. Новиот скутер може да се погледне во салонот на Динамикс на ул. Рузвелтова бб во Скопје, а се продава по цена од 2.590 евра.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: