(Време на читање: 1 - 2 минути)


thumb_Ducati-Panigale-5Популарниот италијански бренд за мотоцикли Дукати од неодамна доби свое претставништво во Македонија. Компанијата Динамикс од Скопје е новиот официјален увозник на реномираниот бренд.

Ducati-Panigale-5

Популарниот италијански бренд за мотоцикли Дукати од неодамна доби свое претставништво во Македонија. Компанијата Динамикс од Скопје која е официјален увозник за МВ Агуста, Пијаџо групацијата (Пијаџо, Априлија, Дерби, Џилера и Мото Гуци)  како и на повеќе светски познати брендови кои произведуваат мото опрема (Даинезе, АГВ, Каберг..),  од скоро стана и официјален увозник на реномираниот бренд Дукати.

Од Динамикс ја потенцираа соработката со италијанската фабрика и во изминатите години, а како што велат и самите, нивното успешно работење допринело за тие да станат официјални увозници.

Во склоп на салонот Динамикс веќе функционира и овлестен сервис за Дукати, а сервисерите се подготвени благодарение на специјалната обука за сервис со овие мотоцикли. За секое Дукати се добива гаранција од две години, а во продолжение можете да го погледнете и ценовникот на новите модели:

DUCATI 2012
DUCATI
 
MONSTER 696
 
7.990 €
DUCATI MONSTER 796   9.390 €
DUCATI MONSTER 1100 EVO ABS 11.990 €
DUCATI STREETFIGHTER 848 12.490 €
DUCATI STREETFIGHTER S 19.390 €
DUCATI (нов модел) 1199 PANIGALE 19.490 €
DUCATI (нов модел) 1199 PANIGALE ABS
20.490 €
DUCATI (нов модел) 1199 PANIGALE S 23.990 €
DUCATI (нов модел) 1199 PANIGALE S ABS 24.990 €
DUCATI (нов модел) 1199 PANIGALE TRICOLORE 28.990 €
DUCATI 848
14.490 €
DUCATI 848 corse
15.690 €
DUCATI HYPERMOTARD 796 MATT
  9.390 €
DUCATI HYPERMOTARD 1100 EVO   12.190 €
DUCATI MULTISTRADA 1200   15.290 €
DUCATI MULTISTRADA SPORT   19.590 €
DUCATI MULTISTRADA TOUR   19.590 €
DUCATI DIAVEL ABS
  17.290 €
DUCATI DIAVEL CARBON   20.190 €

За повеќе информации можете да се јавите на телефонскиот број: 02/3079-304 или да го посетите нивниот салон лоциран на ул. Рузвелтова во Скопје

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: