(Време на читање: 1 - 2 минути)


P8160342Ивона Кировска е првата победничка на изборот за Летна Мото Убавица '08. Првиот ваков избор во нашата земја беше помогнат од сите спонзори на сајтов, за што уште еднаш сакам да им изразиме благодарност, како и до весникот Вечер, модното студио Црнокрак, модната куќа Кара и сите добронамерници и соработници на порталов кои дадоа се од себе за изборот да заврши успешно. Нормално како за прв пат имаше и пропусти, за кои сме свесни, и кои следната година сигурно ќе бидат надминати. Во продлжение следува текстот и и фотографијата од насловната страна на денешниот број на Вечер.

Фотки од настанот, овде . 

 

897D54AD8D07B64492CCDE6104340B3E

 

774D8043F5D8E247969E0F49072E064A

Комбинацијата од ѕвер на две тркала и секси девојка, веројатно, не би можела да остави никого рамнодушен. Ако пак таа е повеќе соблечена отколку облечена тогаш комбинацијата е убиствена или барем доволна доза за кревање на адреналинот и размрдување на хормоните... Ако за миг помисливте дека раскажуваме некое жешко холивудско остварување се лажете... затоа што се обидуваме да ви пренесеме дел од амосферата од охридското финале на изборот за Летна мото убавица. Настанот во организација на првиот македонски мото-портал њњњ.мотори.цом.мк, а поддржан и од ВЕЧЕР, оти нели се што е убаво не може да мине без нас, се случи викендов на охридската плажа Корали.

FF33BA7B287003419F782EA0979924BAПетте финалистки (Ива Михајловска, Кристина Станојкова, Дијана Недева, Наталија Славковска и Ивона Кировска) одбрани благодарение на гласовите пристигнати на www.motori.com.mk и од вкупно 25 учеснички, пред присутните и жирито составено од претставници од спонзорите и ВЕЧЕР се појавија во жешко издание, а само две од нив си заминаа со награди и титули.


202CD9CA3F9D0545AB3637427249E661Фотографијата на Ива Михајловска беше прогласена за најубава објавена на нашите страници во изминатите пет недели колку што траеше гласањето, додека носителка на првата титула Летна мото убавица стана скопјанката Ивона Кировска. Вистинска реткост кога се изборите на убавина во прашање е да се поклопат вкусовите на жирито и публиката, овојпат судејќи според реакциите на присутните тоа и се случи. Оти Ивона, барем така се коментираше, е риба по мера и вкус на секој моторџија.


И за крај, велат, првите мачиња во вода се фрлаат, но тоа апсолутно не може да се каже и за овој избор. Браво за www.motori.com.mk!

(А.Т.)
Фото: Ѕ. Плавевски

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: