Пристигнаа првите информации од МФМ за годинешното 32-ро по ред мото рели Македонија - Независност 2023.

32-то мото рели Македонија - Независност ќе започне во Скопје на 8ми септември (петок) и ќе се вози до 10-ти септември (недела)

Пријавувањето за традиционалното Рели Независност 2023 е во тек и ќе трае се до 30 Август 2023 година. Рокот е со цел навремено да се подготват сите материјали за учесницитие и местата во кои ќе поминува самото рели. Котизацијата за учество изнесува 1.500,00 денари за возач и 1.200.00 денари за совозач и истите треба да се уплатат на сметката на Мотоциклистичка Федерација на
Македонија или во готово секој ден од 11 до 18часот во просториите на МФСМ (сабота до 15ч). 

Според предвидената агенда, ќе се вози според следната рута:

Ден 1: Скопје-Куманово- Свети Николе-Кочани пауза доручек -Виница – Берово пауза ланч пакет - Срумица пауза Освежување-Дојран ноќевање и вечера во 20.00час. Плажа “Стаге” каде ке има организирана забава

Ден2: Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци пауза ланч пакет и освежување-Прилеп-Битола ланч пакети освежување - Ресен-Галичица - Охрид ноќевање. Вечера и организирана забава во Ресторан Билјанини Извори Охрид во 20.00 час.

Ден3: Охрид-Кичево пауза ланч пакет и освежување-Стража-Тетово-Скопје

reli 2023

Пријава за релито:
Единечна пријава
Групна пријава

Податоци за уплата на котизација:
Жиро сметка: 210-0629307701-96
Назнака: Котизација за Рели Македонија 2023
Мотоциклистичка Федерација на Македонија
НЛБ Тутунска Банка Скопје.
Износ: 1500 (+1200 за совозач).

Пополнетата пријава заедно со уплатницата потребно е да се испрати на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците од странство потребно е да ја испратат пополнетата пријава на наведената емаил адреса, а уплатата ќе ја извршат на самото место пред почетокот на релито. 

Back To Top