(Време на читање: 1 минута)


motori benzinСпоред новиот ценовник, литар еуросупер 95  ќе чини 86 денари, а еуросупер 98 ќе се продава 87,5 денари за литар. 

benzin

Нови повисоки цени на горивата од вечерва на полноќ.Бензините поскапуваат за три и пол денари, а дизелот за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според новиот ценовник, литар еуросупер 95  ќе чини 86 денари, а еуросупер 98 ќе се продава 87,5 денари за литар. Новата цена на дизелот е 73 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе се продава за 61,5 денари, што е исто така зголемување од денар и половина во однос на претходната цена.

Промената на цените е поради растот на цената на нафтата на светскиот пазар. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели изнесуваше 109,904 долари за барел барел и е за 4,79% повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Бидејќи цената на бензините постојано расте, да ве потсетиме дека постои и варијанта „Кабелот во штекер, па гас до даска.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: