(Време на читање: 1 минута)


nedela.jpgСабота Катланово, недела на Водно.

Во сабота собирање во 10.00 на МакОил, и од таму по стариот пат до Катланово. Ќе се договориме кој ќе земе скара, а колбаси ќе купиме сабајлето. Прогнозата за времето е ок, така да планирајте целодневна настава.
п.с. нека земе фудбал некој ако има, да се преслушаме таму...

Во недела во 9.30 на МакОил, ќе одиме на Водно да ја гледаме трката, возењето ќе биде преку Пантелејмон за да можеме да застанеме на добро место да ја гледаме трката, по трката пиво во Custom или слободни активности.

Бидејќи и двете локации се блиску, нема да се вози брзо па може да се вози заедно, значи скутери, квадови, веспи, кросови, томоси, пенти, брзинци, чопери, моторчиња за вода вадење... се е добредојдено smile

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: