Бензинот поевтинува за 3 денари, според одлуката на Регулаторната комисија, од ноќеска ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 64 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 66 денари за литар.
Мото клубот Dardanians MC на 29-ти август (сабота), Ве кани на својата трета мото забава. Забавата ќе се одржи во пивница „Стар град“ во Стара Чаршија во Скопје.
Македонија се најде на насловната страна на најстарото списание за мотоцикли, италијанскиот магазин „Motociclismo“. На 40 страници, со фотографии и видео на канал на „Јутјуб“, се претставени најживописните предели во Македонија.
Aprilia RSV4 RR, ѕверот кој ги освои највисоките оценки на повеќе тестови во конкуренција на супербајк моторите за 2015 пристигна во салонот на Динамикс во Скопје.