„Сега се чувствувам како ѕвезда.. Ги правам истите работи но сега сум ѕвезда“ – Алваро Баутиста зборува за WorldSBK и зошто не му недостига MotoGP.

Тој е премногу добар за Супербајк серијата.

Овој коментар многу често се споменува во форумите кога зборуваме за Алваро Баутиста, откако беше соопштено дека ќе го напушти MotoGP и ќе премине во WSBK серијата.  Одличниот старт на сезоната, 14 победи од 19 старта , уште повеќе го потврдува ова мислење.

Но ова исто така и фрла дамка врз серијата. Покрај очигледниот талент на Баутиста, многумина сметаат дека секој MotoGP возач може да успее тука. Сепак, погрешно е да се претпостави дека успехот на Баутиста се должи само на тоа дека е поранешен Гран При возач. Ова е натпреварувач кој го најде своето место под сонцето. Тоа вреди многу.

Не треба да поминете долго време со Алваро за да ви стане јасно за што зборувам. Насмеан и полн со ентузијазам за новиот почеток на кариерата, Баутиста ужива како возач на Aruba.it Ducati и е среќен што е дел од WorldSBK.

„Сега се чувствувам како ѕвезда“ , изјави Баутиста кога го посетивме во седиштето на тимот. „Ги правам истите работи но се чувствувам како ѕвезда.“

Bautista WSBK txt 1 05 07

Не беше отсекогаш така но квалитетот на Баутиста дојде до израз во моментот кога одлучи да го замени MotoGP со WorldSBK.

Откако заврши целата драма околу тоа зошто одлучи да си замине од премиерната класа, веднаш стана јасно дека Баутиста има одлична позиција во WorldSBK. Тука има статус на фабрички возач и настапува со V4 R Panigale.

Неколку месеци подоцна и 14 искачувања на подиумот, Баутиста не се ни сомнева дали направил исправна одлука.

„Не“, беше неговиот одговор. „Работам исто како и во MotoGP и за секоја трка се подготвувам на истиот начин. Но тука победувам и не ми недостига MotoGP.  Можеби само ми недостига тоа дека таму се тркавме почесто. Но бидејќи сакам да се натпреварувам, преферирам кога имам три трки во еден викенд.“

Bautista WSBK txt 2 05 07

А со оглед на тоа дека V4 R Panigale е креиран врз основа на Desmosedici, јасна е причината зошто првите луѓе на тимот се одлучија Баутиста да биде предводник на еден од најамбициозните проекти кои екипата ги има направено во последните години. Како надополнување на ова е и фактот дека ќе му треба помалку време да се прилагоди на мотоциклот.

Баутиста признава дека искуството од MotoGP му помогнало да има одлична транзиција во Супербајк серијата. Вели дека не е сигурен дека ќе го постигнел истиот успех доколку настапел со Panigale R twin.

„Мислам дека овој мотоцикл е многу поразличен од последната верзија. Овој модел како основа го има мотоциклот од MotoGP, V4 не е копија но доаѓа од таа технологија. За мене, овој мотоцикл е многу сличен со оној од MotoGP.“

„Воопшто не ми беше тешко да се прилагодам дури и со различните пневматици и суспензија бидејќи основата е многу слична со MotoGP.“

„Доколку возам со минатогодишниот модел, не знам дали ќе бев толку компетитивен бидејќи тој мотоцикл беше многу различен. Имам среќа што оваа година мотоциклот е поинаков.“

„Се чувствувам многу добро бидејќи уживам кога сум на мотоциклот. Во Австралија за прв пат почнав да уживам додека тренирам. Не очекував дека ќе победам на првите три трки од сезоната но односот кој го имам со мотоциклот има голема врска со тоа.“

Bautista WSBK txt 3 05 07

Баутиста вели дека не прави ништо посебно кога станува збор за подготовките за трката но е изненаден кога ги гледа снимките од неговиот настап.

„Тешко е да се објасни. Изгледа како мотоциклот и јас да сме соединети во едно. Кога сакате да пртиснете повеќе, мотоциклот ве следи, сакате силно да притиснете на сопирачките, мотоциклот ви помага. Не знам како да го опишам тоа. “

„Правам толку многу движења а воопшто не го чувствувам тоа кај мотоциклот. Но кога гледате од страна, работите ви делуваат многу чудно.“

„Многу пати луѓето кои се дел од мојот тим ме имаат прашано дали се чувствувам неудобно на мотоциклот бидејќи има премногу движење, но јас не забележувам ништо.“

Иако направи неколку грешки, пред се на трките во Херез и Мисано кога беше во водство, Баутиста признава дека му годи вниманието кое го добива.

Баутиста, кој поголем дел од својата кариера ја помина возејќи за сателитски тимови, сега покажа дека има квалитет, кој многу често беше занемарен додека беше дел од MotoGP.

Bautista WSBK txt 4 05 07

„Ги правам истите работи како и кога бев дел од MotoGP, подготовките, соработката со екипата, се е исто. Уживам додека го правам тоа а единствената разлика е што тука победувам и уживам уште повеќе.“

„Кога дојдов тука сите ме прашуваа за тоа какви се моите очекувања. Тогаш велев дека не очекувам ништо. Немав никакви очекувања кога дојдов тука но потоа многу опции ми се отворија.“

Дали е Баутиста премногу добар за WorldSBK?

Можеби но можеби и не. Но едно нешто е сигурно а тоа е дека WorldSBK серијата одлично му одговара на Баутиста.

Back To Top