Наш прв соговорник оваа година е Радислав Михајлов. Млад стантер кој ни доаѓа од Зрењанин, соседна Србија, а чии фотографии и видеа веќе добро им се познати на сите оние кои барем малку се воодушевуваат на мајсторијата наречена стант.

Кажи ни колку години имаш и кога за прв пат се запозна со пасијата на твојот живот?
- Првиот сериозен стантер кој го видов беше Feri Potzner, тогаш имав 15 години. Го видов неговото видео и си помислив „Јас сакам ова да го правам!“. Сега имам 18 години.

Што возеше тогаш, излезе ли веднаш надвор да пробаш нешто од тоа што го виде?Rade67
- Имав Kymco Super 9s, уште пред да го видам видеото знаев да возам на задно тркало, но тоа беше пресудно да почнам да вежбам. На почетокот беше тешко, впрочем како што е тоа и со секој почеток.

На колку години го доби првиот скутер?
- 14 години, тогаш и добив дозвола за возење на скутер. Претходно го возев скутерот на брат ми, тој ми дозволуваше да го возам иако немав дозвола.

Сега возиш Yamaha Aerox, што си возел претходно?
- Како што веќе реков, првиот скутер ми беше Kymco Super 9s. Добар скутер, ама не е за стантови, тежок е. После еден поголем пад решив да го сменам скутерот и земав Yamahu Aerox. Мојата мајка виде дека навистина го сакам тој скутер, знаеше и дека ми треба нов во секој случај, па после еден месец Јамахата беше во мојата гаража.

Кога започна со стант?
- Почнав со сериозни тренинзи кога имав 16 години, 2010 беше годината во која официјално започнав да се занимавам со стант.

Кој ти беше инспирација?
- Feri Potzner, Angyal Zoltan, Chris Pfeiffer..

Какво е чувството кога возиш, тешко ли е?
- Филингот е таков да, кога стантувам не мислам на ништо друго, како да не постои ништо околу мене. Во моментот кога ќе ги фатам рачките, сите грижи и проблеми исчезнуваат. Инаку воопшто не е тешко, потребна е само концентрација.

Rade35Каде тренираш и колку пати неделно?
- Најчесто тренирам на паркингот пред градската спортска сала, тука не му пречам на никого. Најчесто тренирам 5 дена неделно, се зависи од временските услови и обврските во училиште.

Имаше ли тренер или некој ментор, или сето тоа сам го научи?
- Се што правам сам го научив. Секако дека гледам трикови од други возачи но во секој случај сам ги имам научено сите работи.

Кога започна со стант дали твоите родители те поддржуваа?
- Имав голема поддршка од родителите. Видоа дека тоа е она што сакам да го правам и дека добро ми оди па имав целосна поддршка. Никогаш не ми бранеа да се занимавам со стант, а за мене тоа беше многу важно.

Ти недостига ли скутерот кога ќе отидеш на одмор?
- Секако, кога ќе видам некој паркинг или голем простор на кој би можел да возам веднаш си помислувам како би возел тука. Од друга страна пак понекогаш е добро да се земе одмор и да се направи пауза, посебно по неколку последователни натпревари и настапи.

Кога ги гледаме твоите видеа мораме да забележиме дека одлично танцуваш со скутерот, умееш ли така и со девојките?
- За тоа ќе морате да ги запрашате девојките, не би сакал сам да се фалам :)

Сите знаеме дека ова е скап спорт, како стоиш со финансии, Rade38имаш ли спонзори?
- Имам спонзори кои многу ми помагаат, и ја користам оваа прилика да им се заблагодарам. Што се однесува до самите финансии моите родители имаат голем удел во тоа за што сум им крајно благодарен.

Во Македонија стантот сеуште е непознат спорт. Каква е ситуацијата кај вас, има ли многу стантери?
- Можам да избројам 5 посериозни стантери, има и неколку кои сега почнуваат но тоа е се. Шампионат немаме но минатата година имаше натпреварување на кое за жал доживеав пад, а сепак го освоив третото место. Лоша среќа.

Кажи ни нешто повеќе за твоите настапи на натпреварите
- На почетокот од сезоната во Бугарија, го освоив второто место на натпреварот во Пловдив. Возев и за Унгарскиот шампионат каде го освоив второт место во генерален пласман (од четири натпревари). Најдраг пехар ми е оној од Бугарија.

Си размислувал ли да возиш трки?
- Кога бев помлад сонував за тоа еден ден да станам тркач. Тоа беше периодот кога престанав да тренирам фудбал и да мислам само на моторите. Ја следев секоја МотоГП трка и им се восхитував на возачите, исто така и мотокросот е дисциплина која многу ми се допаѓа.

Според тебе кои се главните карактеристики кои треба да ги поседува еден моторџија за да стане стант возач?
- Пред се мора да има желба. Мора да се биде упорен, почетокот е навистина тежок и потребно е време за да се владее моторот кога предното тркало е во воздухот.

Rade13Стантот е опасен спорт, имаш ли некои повреди?
- Имам проблем со рамото, оваа година неколкупати го изместив. Инаку повеќе повреди имав додека играв фудбал, а за среќа до сега не сум имал некоја посериозна повреда од скутерот. Ситните падови во овој спорт се чести и неминовни.
 
Кога планираш да ја промениш класата, кога ќе одиш на поголем мотор?
- Следната година сакам да преминам на голем мотор, доколку се оди според планот тоа ќе биде Kawasaki 636.

Кој трик го сметаш за најтежок и не можеш да го направиш?
- Бекфлип. Ама не значи дека нема да пробам.

Кога не би бил стант возач што би работел?
- Сигурно механичар или нешто слично...во секој случај ќе биде нешто поврзано со моторите.

Кога би можел да промениш нешто од минатото, што би било тоа?
- Сметам дека се во животот се случува со некаква причина, па затоа не би сменил ништо. Човек мора да помине секакви работи во животот, и добри и лоши.

Како се гледаш себе си во иднина?
- Би сакал да продолжам да се занимавам професионално со стантот. Годинава ќе се запишам и на факултет, значи ќе продолжам и со образованието и покрај тоа што сеуште не сум сигурен кој факултет ќе биде тоа.

На крај за да разберете зошто токму тој имаше чест да се појави на нашиот сајт, погледнете ги сликите, посетете го неговиот веб сајт и не го пропуштајте видеото. Уживајте.

Back To Top