Со стартот на новата сезона, темата за безбедноста на мотоциклистите повторно излегува во прв план. Овојпат ги споредуваме официјалните бројки за мотоцикли во последните 5 години (2021–2025), за да видиме каде сме и во која насока се движиме.

soobrakjajka motori

2025: најтежок сигнал во последните 5 години

Во 2025 година имаме:

  • 19 загинати

  • 461 повреден

    • од нив 150 со тешки телесни повреди

    • 311 со телесни повреди

За споредба, во 2024 имаше 9 загинати и 393 повредени.

Да, добро читате — бројот на загинати во 2025 е повеќе од двојно зголемен во однос на претходната година.

Трендот е растечки, со краток „пад“ во 2024

Ако ја погледнеме линијата по години, кај повредените има речиси континуиран раст:

Кај загинатите, 2024 изгледа како подобра година (9) по пикот во 2023 (14), но 2025 ја менува целата слика со скок на 19. Со други зборови: 2024 не беше пресврт туку „добра“ година, ако воопшто може да се употреби зборот добра во реченица со загинати.

Број на повредени и загинати мотоциклисти 2021–2025

Повредени (вкупно)
2992021
3232022
3672023
3932024
4612025
Загинати (вкупно)
6 10 14 9 19
20212022202320242025

Извор: ДЗС и МВР (2021–2025). Податоци: мотоцикли (без мопеди).

Кој страда најмногу? – Возачите, убедливо

Според деталните бројки за 2024 и 2025 (МВР), најголемиот товар е кај возачите:

  • 2025: 18 од 19 загинати се возачи

  • 2024: 8 од 9 загинати се возачи

Ова практично значи дека најризичната група сме ние – луѓето зад управувачот. Совозачите се мал дел од вкупните бројки на загинати, а истиот тренд во статистиката го гледаме и кај повредите.

Што ни кажуваат бројките (и што не ни кажуваат)?

Овие статистики не кажуваат „зошто“ директно – но кажуваат јасно дека ризикот расте. Причините најчесто се комбинација од фактори: поголем број мотори на улица, повеќе километри во сезона, брзини, видливост, инфраструктура, навики, опрема, но и однесување на останатите учесници во сообраќајот.

Токму затоа, наредниот период ќе биде интересен и поради „Сејф Сити“ (Безбеден град) – систем кој во пракса ќе влијае на дисциплината во сообраќајот. Прашањето е: дали ќе добиеме реално побезбеден сообраќај, или само повеќе казни?

Заклучок: бројките се аларм – и не смееме да ги игнорираме

Во последните 5 години, повредите растат стабилно, а 2025 носи најтешка бројка на загинати. Ова е јасен сигнал дека безбедноста на мотоциклистите мора да стане приоритет – и кај институциите (инфраструктура, контроли, едукација), и кај нас самите (опрема, брзина, внимание, видливост, избор на ризици).

Сезоната започнува, отворете четири очи и секогаш носете заштитна опрема!

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: