„FULL крос“ во Македонија е најпознатиот непостоечки тип на мотор. Ако сте поминале повеќе од 5 минути на македонските огласи за мотори, сигурно сте налетале на легендарната реченица:
„Продавам FULL крос“.
И тука следи прашањето –
👉 А што точно значи тоа?
👉 Постои ли HALF крос?
👉 Или можеби LIGHT крос за почетници?
Одговорот е едноставен: не постои „фул крос“.
Крос е крос. Точка.
Во светот на моторите, работите се прилично јасни:
-
Крос мотор (Motocross) – направен исклучиво за крос патеки (да, се вози и во шума, ама не на улица)
-
Ендуро мотор – направен за шуми, планини, долги офроуд тури и асвалт.
-
Dual-sport / Adventure – компромис меѓу пат и терен.
Нема подкатегорија што се вика „фул крос“. Ако е крос мотор – тогаш е крос. Сите тие се:
-
без хомологација за улица (иако кај нас може да се начека и крос со таблица, не прашувајте како)
-
без светла, жмигавци, ретровизори
-
со кратки сервисни интервали
-
со суспензија и геометрија наменети за скокови и агресивно возење
Тоа е стандард, не „фул опрема“.
Од каде доаѓа „FULL“?
Во 99% од случаите, кога некој пишува „FULL крос“, всушност мисли:
-
„Не е ендуро“
-
„Нема табличка“
-
„Не е мотор за кафе шема“
-
„Изгледа поагресивно“
Проблемот е што сето тоа веќе се подразбира кога велиш дека моторот е крос.
Да речеш „фул крос“ е исто како да кажеш:
-
„FULL брзинец“
-
„FULL скутер“
-
„FULL точак со две тркала“
Звучи моќно, ама не значи ништо.
Крос vs Ендуро – каде настанува забуната
Забуната најчесто доаѓа од тоа што:
-
Ендуро моторите често се „омекнати“ верзии на крос модели
-
Имаат поширок пренос
-
Поголема трајност, помалку експлозивност
-
Имаат хомологација, т.е. табличка и можат да се возат во сообраќај
Па така, некој сака да потенцира дека моторот не е ендуро, па го „појачува“ описот со магичното „FULL“.
Ама правилниот опис е едноставен, или продаваш Крос мотор или Ендуро мотор.
Сè друго е смешно за познавачите.
Како правилно да напишеш оглас
Ако веќе продавате мотор, наместо:
„Prodavam FULL kros 450“
Пишете:
-
„Продавам KTM SX-F 450 – крос мотор“
-
„Продавам мотокрос Honda CRF450R“
-
„Продавам ендуро Yamaha WR450F, регистриран“
Ќе ве разберат и почетници и луѓе што навистина знаат што купуваат.
Заклучок
„FULL крос“ не е тип мотор. Не е категорија. Не е надградба.
Тоа е само уште еден доказ дека огласите понекогаш се пишуваат со повеќе ентузијазам отколку знаење 😅
А моторот?
Или е крос – или не е.


Коментари