Седум основни совети за нови возачи

Значи конечно собра храброст, полагаше и ја доби потребната дозвола за мотоцикл. Искрено, авантурата почнува од моментот кога ќе ја земете дозволата. Пред вас има уште многу работи.

Прво и основно, излези од дома и почни да ја користиш дозволата. Тоа значи дека прво треба да купиш мотоцикл. Знам дека такво нешто е полесно да се каже отколку да се направи, но мој генерален совет е: освен ако навистина не си добар во механика, отиди во некоја овластена продавница и купи мотоцикл кој можеш да си го дозволиш. Да повторам, најдобриот кој можеш да си го дозволиш. Не вложувај премногу во твојот прв мотоцикл.

20182F052FJenn1

Доколку си како мене и сакаш што е можно побрзо да се качиш на мотоциклот, навистина нема да го послушаш овој совет, но вистината е дека најверојатно тој ќе ви падне неколку пати. Можеби ќе ви требаат дополнителни неколку месеци за да соберете повеќе пари, или пак ќе мора да ги намалите вашите стандарди бидејќи немате доволно средства за мотоциклот кој го посакувате. Но и тоа е подобро отколку да позајмите пари од банка или пак да не возите толку често поради страв да не го оштетите. Откако ќе се качите на мотоциклот, ќе треба да внимавате на многу повеќе работи. Еве дел од нив.

Не ги слушајте сите совети кои ќе ги добиете

Возачите сакаат да даваат совети, но не се сите добри. Всушност, голем дел од нив се ужасни. Колку повеќе навлегувате во светот на мотоциклите, ќе сабележите дека постои една суб-култура. Ќе видите што некои луѓе мислат за кацигите или пак за звукот на издувот. Ќе запознаете голем број на луѓе кои веруваат во секакви теории на заговор. Поентата е: Не сите совети кои ќе ги добиете се точни и немојте да ги земате здраво за готово.

Откако ќе го примените сето ова, треба да бидете искрени со вас самите за тоа каков мотоцикл навистина сакате, каков вид на возење ве интересира и како да се справите со сите ризици кои се поврзани со вашиот избор. На крајот, сите одлуки кои ќе ги донесете најмногу влијаат на вас самиот. И вашите одлуки не мора да се согласуваат со одлуките на вашите пријатели. Одвојте доволно време за убаво да ги разгледате сите опции пред да ја донесете конечната одлука.

Правете ги работите кои што ви ги кажуваат

Доколку сте навикнати постојано да се движите некаде со автомобил, тогаш мали се шансите да сте навикнати на рутината на оддржување на возилото. Но тоа ќе треба да го развиете како мотоциклист. Модерните мотоцикли се прилично сигурни, но само еден мал проблем кај нив може да креира голем проблем. На пример, ако ви се расипе автомобилот додека надвор има бура, вие можете само да седите внатре и да чекате невремето да помине. Но ако ви се расипе мотоциклот, тогаш вие останувате надвор на ладно и врнежливо време. Наједноставната рутина која треба да ја запомните: Сопирачки, Масло, Светла, Гуми.

brakes

Постојано треба да ги проверувате овие неколку работи. Сигурно ова веќе го имате слушнато од инструкторот за возење, бидејќи големи се шансите тие да ви сугерирале накава рутина кој треба да ја имате пред да се качите на мотоциклот. Еве што правам јас:

Пред да почнам да возам го проверувам притисокот на гумите. Ако се е во ред, го проверувам маслото. Внимавајте на ова бидејќи мотоциклите знаат многу брзо да го потрошат маслото. Потоа го палам мотоциклот и проверувам дали светлата функционираат во најдобар ред. Малку е потешко да видите како функционираат задните светла, но сигурен сум дека ќе се снајдете. На крај, пред да тргнам, го туркам малку мотоциклот нанапред за да проверам дали работат сопирачките.

Доколку сте нов возач сигурно имате мотоцикл со ланец. Не е лошо да го погледнете и него за да видите да не е премногу сув или пак да не има премногу масло на него.

Извалкајте ги рацете

Со цел да бидете сигурни дека мотоциклот ви е исправен, треба редовно да го оддржувате. Не сум голем фан на отштрафување и заштрафување на делови, но има некои работи кои треба да се научите да ги правите сами. На пример, промена на маслото, чистење и прилагодување на ланецот. Доколу не знаете како да го направите ова, сигурен сум дека ќе најдете голем број на видеа на интернет. Мене лично ми се допаѓа Moonfleet41 бидејќи на многу едноставен начин ги објаснува работите. Тешко е да најдете време, трпеливост и самодоверба да почнете сами да работите на вашиот мотоцикл. 

learn1 770x1026

Бидете сигурни дека мотоциклот ви одговара

Бидете сигурни дека сетапот на мотоциклот целосно ви одговара на вам како возач.  Дали рачките се на вистинската позиција? Дали е седиштето доволно кренато? Дали лесно притискате на сопирачката? Кај поголемиот дел од мотоциклите овие работи можат да се прилагодат.

Правете ги работите кои што ви ги кажуваат – втор дел

Покрај то што ви кажуваат што да направите пред да почнете да го возите мотоциклот, постарите инструктори потенцираат дека е потребно постојано да се потсетувате на основите. Како поминуваат годините овие работи ќе ви изгледаат се поглупави, но добро е од време на време да најдете некој празен паркинг и повторно да ги поминете основните работи кај возењето.

Заштитете се

Јасно ми е дека е скапо  да се набави целата опрема која е потребна. Мој совет е она што неморате да го купите ново, да го купите половно. Купете опрема од производители на кои најмногу им верувате, а можеби ќе најдете и некои парчиња кои и не чинат многу.

Секако дека на ново ќе морате да ја купите кацигата. И не заборавајте тампони за уши. Можеби ќе ви биде чудно на почеток но сепак носете ги бидејќки така ќе го заштитие вашиот слух. Сум забележал дека тие дополнително ми помагаат да ја задржам концентрацијата.

02e40 photo5

Преземете одговорност за вашите дела

Што и да направите додека сте на мотоциклот, одговорноста е ваша. Има можеби подобар начин да го кажам ова, а тоа е дека вие ќе бидете најмногу погоден доколку нешто се случи. Останатие учесници во сообраќајот ќе прават глупави работи кои сигурно ќе ве нервираат. На YouTube има голем број на видеа од возачи кои реагираат на погрешен начин. Немојте и вие да бидете дел од нив. Наместо тоа, обидете се да ги предвидите и одбегнете опасните ситуации.

Back To Top