За жал мораме да прифатиме дека зимата конечно дојде а со тоа и предизвиците со кои редовно се соочуваат мотоциклистите кои сакаат да возат во текот на целата година.

За жал мораме да прифатиме дека зимата конечно дојде а со тоа и предизвиците со кои редовно се соочуваат мотоциклистите кои сакаат да возат во текот на целата година. Денот се намалува и веќе е темно кога возачите кои се враќаат дома од работа. Кај некои пак, дури и кога одат на работа сонцето се уште не е изгреано.

Ова би можело да биде застрашувачко искуство за новите возаи а исто така преставува сериозен предизвик дури и за поискусните. Температурата е пониска а послаб е и контактот на мотоциклот со површината. Подолгите патувања се навистина напорни.

Со цел да ви помогнеме да останете безбедни додека возите, побаравме совети од неколку поискусни возачи. Тие ги објаснуваат нивните ритуали за време на ладните, зимски месеци.

Испораките на пратки многу често се случуваат навечер и речиси секогаш се со мотоцикл, без разлика на временските услови. Покрај овие возачи, разговаравме и со припадниците на полицијата и на противпожарната служба. Тие поминуваат голем дел од нивното време возејќи мотоцикл или пак присуствуваат на сообраќајни несреќи, во кои за жал се вклучени мотоциклите.

image 2

Прави редовни паузи и пиј многу кафе!

Име: Симон Стјуарт Пирси

Возраст: 52

Мотоцикл: Honda ST1300 Pan European

Искуство: Помеѓу осум и девет месеци

„Пијам многу кафе во текот на зимските месеци! Носам и облека која лесно се забележува. Исто така се обидувам да ги избегнувам автомобилите колку што е можно повеќе.“

„Мислам дека најважно е да носите неколку слоеви на облека и лесно да ве забележуваат останатите учесници во сообраќајот. Носам два пара чорапи а помеѓу нив има пластична кеса. Во тој случај, дури и да влезе вода во кондурата, стапалата не ми се целосно мокри.“

image 3

„Потребно е и добро светло бидејќи 90 проценти од работата ни е навечер. Сакам секој да може да ме види. Во моментов најголем проблем ни е слабата сончева светлина наутро и приквечер. Возачите на автомобили многу често не успеваат да ги забележат другите автомобили во сообраќајот а не пак мотоциклите. За еден до два месеци најголем проблем ќе станат замрзнатите делови кои многу лесно можат да ве излажат.“

Име: Пол Брукс

Возраст: 69

Мотоцикл: Honda ST1300 Pan European

Професија:Сопственик на компанија за достава на пратки

„Најважно нешто за мене е да направам детална проверка на мотоциклот пред да почнам да возам. Пневматиците и сопирачките тука се најважниот дел. “

„Иако ова можеби не треба да го кажувам, но строго е забрането да се пие алкохол пред да почне вашата смена. Јас ќе работам на божиќната вечер но знам дека ќе бидам слободен преку ден. 30 години работев како сообраќаен полицаец и многу работи ми се врежани во мојата меморија.“

„Мислам дека сите треба да научат како да бидат внимателни додека возат. Секогаш очекувај останатите возачи да направат нешто неочекувано во овој период од годината.“

image 4

Име: Симон Денет

Возраст: 48

Мотоцикл: Yamaha FJR1300/Honda NC750X

Искуство: 5 години

„Работиме седум дена во неделата. Имам и друга работа и поради тоа се обидувам да имам барем една ноќна смена. Сега кога залади, гледам секој дел од телото да ми е заштитен.“

„Секогаш носам кожни панталони и добра јакна која не пропушта ветер.Панталоните ми се малку поголеми бидејќи под нив имам уште еден пар панталони.За да не се уништат кожните панталони, на секој две недели ги премачкувам со специјално средство.“

„Потребно е да носите облека која лесно се забележува иако мислам дека денеска тоа нема многу да ве заштити. Единствен начин да се заштитите е да направите нешто сосема поинакво.“

„Кацигата ја покривам со флуоресцентен спреј. Тој ја рефлектира светлината.“

image 5

„Друго нешто на кое треба да внимавате се замаглените стакла кај автомобилите. Сигурно сте забележале дека во текот на зимските месеци, на почеток е многу слаба видливоста кај голем дел од возачите на автомобили.“

„Искористете ја секоја можност за пауза. Извадете ја опремата и прилагодете се на топлата средина. Ако имате време јадете или напијте се нешто.“

Име: Нил Гарднер

Возраст: 56

Мотоцикл: GTR1400/BMW R1200RT/Yamaha FJR1300

Искуство: Околу 10 години

„Во последниов период имам само една ноќна смена но се до минатата година возев три или четири пати навечер.  Најважното нешто во овој период од годината е да носите соодветна облека.“

„Јас имам Gore-Tex јакна и панталони, соодветни чизми и ракавици како и квалитетна кацига. Исто така имам  уште една јакна која лесно се забележува. Ако немате соодветна јакна за возење во вакви услови, тоа ќе ви биде дополнителен проблем. Може да ви биде премногу топло или пак премногу ладно.“

„Секогаш внимавајте на другите возачи. Без разлика во кој дел од годината возите, секогаш морате да бидете внимателни.“

Што препорачуваат службите за итна помош?

Разговаравме и со припадниците на брзата помош за да видиме какви се нивните препораки доколку сакате да го возите вашиот мотоцикл во текот на зимата.

Мартин Чалки: „Иако советуваме секој возач да носи облека која лесно се забележува, има верување дека после одреден период, возачите не ги забележуваат овие работи. Се препорачува вашата кацига да има бела боја за полесно да ве видат.“

image 6

Мартин зборува и за најголемите закани со кои се соочува секој возач на мотоцикл во овој период од годината.„Мораат да внимаваат и другите учесници во сообраќајот. Голем број од возачите на мотоцикли не се навикнати на возење во зимски услови.“

Вели дека несреќите најчесто се случуваат на раскрсници, особено кога сончевите зраци се премногу слаби. Поради слабата светлина многу е тешко да се видат мотоциклистите кога се приближуваат до некоја раскрсница. Секогаш дадете си неколку секунди повеќе за да видите дали доаѓа некој друг автомобил пред да тргнете. Мартин го дели истото мислење со Симон Денет. „Секогаш внимавајте на луѓето кои возат без да ги исчистат прозорците.“

image 7

„Многу лесно може да се намали контактот на мотоциклот со површината“, додава Мартин. „Обидете се да ја забележите секоја промена на патот. Мразот но и остатоците од масло можат да бидат голем проблем.“

„Исто така внимавајте на разните остатоци кои можат да се најдат на патот. Ова особено важи за свиоците.“

Back To Top