(Време на читање: 1 - 2 минути)


Младиот и талентиран Аргетим Рамадани од Кичево е на чекор до Red Bull MotoGP Rookie Cup натпреварувањето откако ја помина првата пречка и го поканија на селективно возење кое ќе се одржи од 14-16 октомври во Шпанија.

Младиот и талентиран Аргетим Рамадани од Кичево е на чекор до Red Bull MotoGP Rookie Cup натпреварувањето откако ја помина првата пречка и го поканија на селективно возење кое ќе се одржи од 14-16 октомври во Шпанија.

argetim ramadani kicevo

Red Bull MotoGP Rookies Cup е натпреварување кое се одржува веќе 8 сезони, од кои последните две сите натпреварувачи возат идентични четворотактни KTM 250cc мотори од Мото3 класата. Целта на купот е да се пронајдат младите талентирани тинејџери од целиот свет кои потоа би возеле во Гранд При трките. 

Аргетим пред неколку денови беше известен дека е одбран од многуте апликанти да присуствува на селективното возење во Шпанија кое ќе се одржи во октомври. Тешкиот дел за него допрва следува, но претставува навистина одличен успех и самата селекција. 

red-bul-argetim

Аргетим ги импресионира сите присутни на тренинзите кои се одржуваа на патеката во Кичево, иако има само 15 години одлично ја вози својата Honda CBR600RR, а освен Хондата тој има и Aprilia RS 125 со која годинава настапи на Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во кој на крајот од сезоната го освои третото место, а истиот резултат го има и во бугарскиот шампионат.

10325732 655093434539543 3574084045487527297 n

На Аргетим му посакуваме многу успех на престојниот селективен настап, се надеваме дека ќе стане првиот Македонец кој ќе се пробие на меѓународната мото сцена и ќе имаме прилика да навиваме за него во МотоГП.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: