Големиот турер беше претставен локално пред неколку години и до сега се произведуваше само за потребите на кинеската полиција. По се изгледа сега е спремен за да дојде и во Европа. 

CF Moto 1250 TR Gjpg

Кинесиот партнер на KTM кој заедно со шпанците GASGAS и швеѓаните Husqvarna станува сериозен играч на глобалниот пазар, изгледа успеа да се избори за збогатување на понудата и надвор од Кина, се разбира кога станува збор за голем, моќен турер. 

CFMOTO 1250 TR-G го користи 1279cc V-twin агрегат на KTM кој произведува 105kW односно 140 КС со 120Nm моќност која го става во класата на BMW R 1250 RT. 

Моторот доаѓа со потопен менувач кој е опериран хидраулично, 6 брзини, електронска гас и четири модови за возење кои уште немаат соодветен превод за европските пазари, достапни се само на кинескијазик кој не може најсоодветно да се преведе во оваа ситуациа. 

CF Moto 1250 TR G 2021 China 169Gallery 146853cc 1725305

Како и кај другите KTM модели и CFMOTO 1250 TR-G има цевкаста рамка споена со повеќе триаголници. за сусппензијата е задолжен Marzocchi иако ова може да се смени за во Европа каде ште една компанија на KTM, WP може да ги обезбеди амортизерите.  

Вкупната тежина на ова чудовиште изнесува над 325кг со 23 литарски резервоар. Напред за запирање има монтирано 320мм двојни дискови а позади еденечен со дијаметар од 270мм. Двата система се на Brembo. За електронската контрола, пролизгувањето и ABS кој вклучува и контрола на ктивина е задолжена електрониката на Bosch. 

Свингармот и рачките се од алуминиум, греачите на рачкие удобното седиште и страничните куфери се сериски а она што најмногу привлекува внимание кај овие сега веќе докажано квалитетни кинези е и цената. Според калкулациите на германците од Моторад, изворот на самата инфорамција дека моделот се подготвува за влезв во Европа, цената таму на овој модел би чинела околу 16.000 евра. 

Ако се земе предвид нивото на опрема и рангот на самиот мотор, ова може да биде уште една сериозна понуда од CFMOTO. 

Back To Top