(Време на читање: 1 - 2 минути)


Honda Motor Europe Ltd. ја освежи својата популарна touring серија за моделската 2027 година. NT1100 и верзијата со електронска суспензија, кои го задржуваат статусот на најпродавани tourer модели во Европа во 2023, 2024 и 2025 година, сега добиваат нови опции на бои што дополнително го истакнуваат нивниот премиум дизајн.

Овој модел, кој првично беше претставен за 2022, досега достигна продажба од над 25.000 примероци. По големите надградби воведени за 2025, кои вклучија подобрувања на перформансите на 1.084-кубичниот агрегат, воведување на шесто-оскен IMU и опција за електронска суспензија, моделот за 2027 година останува технички непроменет, фокусирајќи се на естетско освежување.

584930_27YM_HONDA_NT1100_NT1100_Electronic_Suspension

Технички перформанси и опрема

NT1100 ја користи платформата на Africa Twin, со паралелен двоцилиндричен агрегат (дијаметар и од на клипот 92mm x 81.5mm, компресија 10.5:1) кој за 2025 беше ревидиран преку доводниот систем, согорувањето и издувот. Овие измени резултираа со 7% зголемување на вртежниот момент во ниски и средни вртежи, достигнувајќи 112 Nm при 5.500 вртежи во минута, додека максималната моќност останува 75 kW при 7.500 вртежи во минута. Претходната вредност на вртежниот момент изнесуваше 105 Nm при 6.250 вртежи во минута.

Електронскиот пакет е центриран околу шесто-оскен IMU, кој управува со Cornering ABS, контрола на подигнување на задното тркало и HSTC. Моделот со електронска суспензија користи Showa-EERA систем кој ја прилагодува суспензијата за 15 милисекунди врз основа на брзина, ставот и движење на вилушката. DCT менувачот со двојна спојка, кој е избор на 66% од купувачите на NT1100, за 2025 доби софтверски надградби за попрецизна контрола при брзини под 10 km/h и поинтуитивно менување брзини во свиоци. Honda има продадено над 300.000 DCT-опремени мотоцикли во Европа од 2010 година.

Дизајн и функционалност

Дизајнот на NT1100 е фокусиран на аеродинамична заштита и удобност. Оклопот вклучува редизајниран ветробран со 5-степено прилагодување во опсег од 167mm, кој може да се управува со една рака, како и продолжен преден браник за 150mm за подобра заштита од временските услови. Технолошката опременост вклучува 6,5-инчен TFT екран на допир со поврзување со паметни телефони, темпомат и греење на рачките како стандардна опрема. Моделот доби и литиум-јонска батерија SKYRICH HJ13L, која заштедува 2,5 kg тежина.

За 2027, Honda NT1100 и NT1100 Electronic Suspension ќе бидат достапни во три бои: Mat Ballistic Black Metallic, Mat Beta Silver Metallic и Pearl Hawkseye Blue.

Пријавете се на билтенот за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: