- Напишано од: Martin
Triumph има навистина добри мотоцикли. Но, мораме да признаеме дека само неколкумина од нив навистина се издвојуваат. На пример Rocket III, кој беше еден од најдобрите мотоцикли кога за прв пат се појави во 2004 година. Можеби беше малку тежок и развиваше 145кс, но „ѕверот“ едноставно беше мотор кој привлекува внимание на улица.
