BMW M 1000 RR 2027 добива трета генерација на M Motorsport рам
BMW Motorrad ја претстави третата генерација на својата M Motorsport рамка, која од моделската...
Нашите колеги од „NieuwsMotor “дојдоа до техничките спецификации на Honda CBR1000RR 2017. Според нив, новиот супербајк ќе има дополнителни 10 коњски сили, а и неговата тежина ќе биде зголемена за 15 килограми. Меѓу другите додатоци се и Öhlins полу-активната суспензија, различни модели на возење и контрола на тракцијата.
Honda не е единствената компанија која оваа година ќе понуди нешто ново на пазарот. Гласините за појачани Kawasaki машини се прилично стари, но денеска добија потврда преку овие слики од моделот R2, како што го нарекуваат инжињерите.
Момците од Хонда само што соопштија дека Honda X-ADV авантуристичкиот скутер ќе се најде во производство. Моделот, кој се базира на Honda City авантуристичкиот концепт, го има типичниот макси скутер дизајн, но има и можност за оф роуд возење.
Секоја втора година, во Октомври, мото индустријата се собира во Келн, Германија, за саемот за мотори INTERMOT. Оваа изложба претставува добра алтернатива за Германските брендови да ги претстават нивните нови машини. Многу често BMW и KTM ги претставуваат своите најнови модели на ова шоу. И оваа година нема да биде поинаку.