Алваро Баутиста му се извини на Лоренцо за падот во првиот свиок на трката за ГН на Холандија која вчера се возеше на патеката Асен.
![]()
Алваро Баутиста му се извини на Лоренцо за падот во првиот свиок на трката за ГН на Холандија која вчера се возеше на патеката Асен. Баутиста притоа му се извини и на својот тим Хонда Гресини заради грешката која го чинеше вредни бодови. Да потсетиме, Баутиста стартуваше од осмата позиција и влезе во првиот свиок од внатрешната страна но притоа ја пропушти точката на кочење и заради пролизгувањето на предното тркало при падот со себе го собра недолжниот Лоренцо.
Следниот викенд се вози трката за Германското ГрандПри, а Баутиста е казнет од надлежните лица со старт од последната позиција што дополнително ја отежнува ситуацијата за него.
„Го следев задното тркало на Довициозо, за жал започнав со кочење подоцна од потребното и доживеав лоусајд. Навистина ми е жал за она што се случи, посебно затоа што притоа го собрав Лоренцо, а тоа беше последната работа која сакав да се случи. Неговиот пад е само моја грешка и јас длабоко му се извинувам за тоа. Се надевам дека повеќе никогаш нема да се случи нешто вакво. Би сакал да му се извинам и на мојот тим бидејќи работеа навистина напорно за оваа трка и наместо да имаме одличен резултат, викендов останавме без бодови.“

Коментари