(Време на читање: 1 - 2 минути)


Икер Лекуона повторно ќе седне на мотоциклот на тимот Gresini за претстојната трка за Големата награда на Австралија, што овој викенд се вози на патеката Филип Ајленд. Шпанскиот возач е повикан како замена за повредениот Фермин Алдегер.

За Лекуона ова ќе биде трет настап во MotoGP шампионатот оваа сезона, откако претходно веќе ги менуваше возачите на италијанскиот тим на трките во Унгарија и Велика Британија.

iker-lecuona-gresini-balaton-2026

Фермин Алдегер е принуден да го пропушти викендот во Австралија поради повреда здобиена на трката во Мандалика. Шпанецот излета од патеката уште во вториот круг додека се наоѓаше на четвртата позиција, а во налет на бес и фрустрација поради падот, со десната рака го удри асфалтот. Овој потег резултираше со фрактура на основата на првата метакарпална коска, поради што Алдегер мораше да биде подложен на хируршка интервенција во Барселона.

За Икер Лекуона ова е нова можност да се докаже на Ducati мотоциклот на Gresini, непосредно откако ја заврши сезоната во SBK шампионатот. Неговите претходни настапи како замена беа со променлив успех: на патеката Балатон Парк, каде го менуваше повредениот Алекс Маркез, успеа да заврши на солидното седмо место. Сепак, на трката на Силверстоун, каде исто така го менуваше Алдегер, Лекуона немаше среќа и не успеа да ја заврши ниту спринт трката, ниту главната неделна трка, откако во двете прилики доживеа пад.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: