По одличните резултати во сезоната 2020, австрискиот тим почна да “трокира” во 2021, па мораше да направи неопходни промени за новата сезона.

KTM MotoGP 2022

По трите победи и 5-те подиуми во 2020 година австрискиот гигант KTM, кој меѓу другото е производител кој последен се вклучи во светскиот шампионат, ја заврши сезоната 2021 со само 2 победи (од кои едната заради добрата тактичко/лудачка одлука) и 2 подиуми. Добрите резултати беа заслуга на фабричкиот и на сателитскиот тим Tech3.

Огромни финансии се вложени за пробив кон врвот, но имаше логично објаснување за лошите резултати.

Најпрво, со постигување на добрите резултати се изгубија концесиите кои им овозможуваа на слабите тимови (KTM & Aprilia) многу повеќе можности за достигнување на најдобрите, како што се неограничени денови за тестирање и поголем број на мотори во сезона (9) и унапредување на моторот во текот на сезоната.

Ова е веројантно најуспешното правило кое го имплементираше DORNA, со што добивме натпреварување со (колку што е можно) израмнети перформанси и минимални разлики по круг.

Губењето на концесии значи помалку тестирање односно губење на помошта од ултраискусниот и талентиран Dani Pedrosa, кој гласи за еден од најзаслужните за напредокот на KTM. 

Понатаму, 7 наместо 9 мотори по сезона значи и помалку форсирање односно поконзервативен пристап при сетирање на перформансите на моторот. 

Унапредувањето на моторот не беше можно секако за сите тимови заради пандемијата.

Сите овие фактори придонесоа за пад во перформансите. И тоа се факти со кои ќе мора да се справат инженерите. 

Нешто што не е мерливо со штоперка, а и тоа како влијае на перформансите на еден тим, е тимскиот шеф кој треба да оркестрира со голем број на персонал. Прашајте го Suzuki на темава.

За таа цел е донесен Francesco Guidotti од редовите на Pramac кој на местото на Mike Leitner ќе се обиде да ја повтори магијата која ја направи во неговиот претходен тим. Неговите успеси во Pramac се доволна препорака заради одличната атмосфера која вроди со одлини резултати.

Секако одличните Binder и Oliveira се веќе докажани победници и не се очекува ништо полошо од тоа, но она што е веројатно уште поинтересно се почетниците во оваа класа Raul Fernandez и шампионот од Moto2 Remy Gardner кои ќе ги возат фабричките спецификации во сателитскиот тим Tech3, кој повторно е спонзориран од KTM и повеќе наликува на фабрички отколку на сателитски тим.

Првиот е ултра брз Шпанец, кој ако успее да ја олади главата и да го смири темпераментот има потенцијал за големи нешта, додека пак Австралиецот Gardner токму со трпеливост и одлична возачка техника успеа да го победи својот поранешен и иден колега.

Back To Top