(Време на читање: 1 минута)


Маркез смета дека Акоста ќе се бори за врвот од самиот старт.

3530930.0008_0.jpg_copy

Педро Акоста изгледаше како сè освен како дебитант за време на предсезонските тестирања во MotoGP, при што возачот на КТМ беше особено силен при симулациите на трка.

Светски шампион во Moto3 како дебитант и шампион во Moto2 во неговата втора сезона, подемот на Акоста до MotoGP беше исклучително брз.

А Маркез, кој стана шампион во MotoGP како дебитант во 2013 година, очекува Акоста да се приклучи на борбата на фронтот: „Педро ќе биде еден од момците оваа сезона“, изјави Маркез за MotoGP.com.

Сезоната започнува овој викенд, со трката за ГН на Катар.

„Тој има сè за да биде големо име во MotoGP“.

Маркез не беше единствениот возач кој го пофали Акоста, а истото го направија и Франческо Бањаиа и Алеш Еспаргаро.

„Тој сигурно ќе се бори за првите десет“, додаде Бањаиа. „Прерано е и тој е премногу млад за да осеќа притисок врз него. Да го гледаме како ужива“.

Еспаргаро додаде: „Очигледно тој ќе биде еден од оние кои треба да се следат оваа сезона“.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: