(Време на читање: 2 - 3 минути)


По возбудувањата во Арагон, MotoGP караванот се сели во Италија, каде сезоната продолжува со Големата награда на Сан Марино и Римини Ривиера на легендарната патека Misano World Circuit Marco Simoncelli.

Misano World Circuit Marco Simoncelli

Патеката во Мизано, во близина на Римини и јадранскиот брег, е изградена во 1972 година и низ годините претрпела бројни промени и модернизации. Во текот на 80-тите и почетокот на 90-тите години редовно беше домаќин на трки од Светскиот шампионат, а MotoGP се врати во Мизано во 2007 година по голема реконструкција на патеката, инфраструктурата и трибините.

LG9 2833

Денес Misano World Circuit Marco Simoncelli е една од најпрепознатливите станици во MotoGP календарот. Патеката е долга 4.23 километри и за трките од Светскиот шампионат се вози во насока на стрелките на часовникот. Комбинацијата од брзи промени на правец, технички свиоци и силни зони за сопирање бара максимална прецизност од возачите.

Со 10 десни и 6 леви свиоци, како и најдолг правец од 530 метри, Мизано не остава многу простор за одмор. Добрата стабилност при сопирање и брзото менување правец се особено важни, а малите временски разлики традиционално носат тесни квалификации и интересни борби за позиции.

Спецификации на патеката:

  • Вкупна должина: 4.23 km
  • Ширина: 12 m
  • Најдолг правец: 530 m
  • Десни свиоци: 10
  • Леви свиоци: 6

Распоред за следење на трките во Сан Марино:

Петок – 11 септември

ВремеКласаНастан
09:00-09:35 Moto3™ Слободен тренинг бр. 1
09:50-10:30 Moto2™ Слободен тренинг бр. 1
10:45-11:30 MotoGP™ Слободен тренинг бр. 1
13:15-13:50 Moto3™ Тренинг
14:05-14:45 Moto2™ Тренинг
15:00-16:00 MotoGP™ Тренинг
Пријавете се на билтенот за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: