(Време на читање: 1 - 2 минути)


Дукати потврди дека оштетување на фелната била причината поради која Марк Маркез мораше да се повлече од трката за Големата награда на Тајланд.

Маркез се наоѓаше на четвртото место во 21. круг кога излета пошироко во свиок 4, минувајќи преку рабникот на излезот од кривината. Кога фабричкиот возач на Дукати се врати од надворешната страна на рабникот, веднаш беше јасно дека има проблеми со гумата, а ТВ-снимките покажаа и оштетување на фелната.

zadna guma markez

Шефот на тимот, Давиде Тардоци, по трката за TNT Sports потврди дека токму ударот во рабникот ја скршил фелната, што довело до губење притисок и принудно повлекување.

„За жал, отиде на рабникот во свиок 4 и ја скрши фелната“, изјави Тардоци.
„Поради тоа изгуби воздух и беше принуден да запре. Го удри работ од рабникот и го оштети тркалото.“

Тој додаде дека ваков случај речиси и не памети:
„Не се сеќавам дека сум видел нешто вакво. Можеме да кажеме дека е грешка, но навистина немаше среќа – многу возачи излетаа во свиок 4 и никој немаше ваков проблем. Но, тоа е што е.“

И самиот Маркез по трката даде свое објаснување, нагласувајќи дека ситуацијата била повеќе несреќен сплет на околности отколку сериозна грешка.

„Мислам дека само рабникот беше причината, но вистина е дека многу возачи – дури и на тестот – го скокаа тој рабник и ништо не се случуваше“, објасни Маркез.

„Денес имав мал момент во свиок 4 и одлучив да одам пошироко за да се вратам на патеката. Си реков: ‘Во ред, само сакам да спасам ризичен момент’. Но веднаш штом го прескокнав рабникот, задната гума експлодираше.“

HCUv9JzWgAA7DrY

Шпанецот вели дека бил мирен и ја контролирал трката до тој момент:
„Многу чудно, многу несреќно би рекол, затоа што возев супер-мирна трка и добро управував со ситуацијата. Но, тоа е. Мора да мислиме на следната трка.“

Маркез јасно потенцираше дека не ја обвинува Мишелин за инцидентот.

„Не е проблем на Мишелин и не е проблем на патеката“, изјави тој.
„Тие двојни рабници (како во Мизано) се добри од одредени причини, но денес видовме нешто невообичаено. Се случи, но беше навистина чудно – дури и фелната беше целосно оштетена, практично експлодираше.“

На крајот додаде дека се чувствува среќен што ситуацијата не завршила многу полошо:

„Се чувствувам среќен што немаше јак high-side.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: