МотоГП сезоната 2015 официјално започна со првиот зимски тест на патеката Сепанг во Малезија. На првиот ден најдобро време забележа Марк Маркез, втор беше Валентино Роси, а трет Хорхе Лоренцо.
За фановите на Јамаха во МотоГП шампионатот зимската пауза заврши денеска со претставувањето на боите на YZR-M1 во Мадрид со кои Роси и Лоренцо ќе атакуваат на титулата.