Актуелната MotoGP сензација Марк Маркез за прв пат се сретна со легендарниот Фреди Спенсер на специјален настан во Бордо, Франција. И двајцата се сретнаа со фановвите, потпишуваа автограми и даваа интервјуа.
Единственото нешто што недостасува-покрај прашањето кој ќе го вози новиот моторцикл- е веќе постоечки тим кој му е потребен на Сузуки за да се врати во шампионатот во 2014 година.
Претстојните четврток и петок, возачите на Ducati ќе се вратат на патеката во Муџело и ќе одржат приватен тест за да се подготват за трката во Каталуња која ќе се одржи за две недели.
Иако надлежните на трката во Муџело веднаш по сударот на Алваро Баутиста и Валентино Роси најавија истрага, на крајот случајот е затворен како „тркачки инцидент“ без казна за Баутиста.
Хорхе Лоренцо победи на Италијанското MotoGP во Муџело, Марк Маркез го испушти второто место, а Валентино Роси се судри со Алваро Баутиста во првиот круг.
„Claiming rule“ на MotoGP наскоро ќе се најде во книгите по историја. На следниот состанок на Гран При комисијата во Барселона, ќе биде доставен предлог за да се напушти ова правило.
Доколку Валентино Роси не успее да се искачи на подиумот пред домашните фанови на трката во Муџело овој викенд, ќе го изедначи неговото најдолго отсуство од подиумот како возач на Yamaha.