По средбата со претставниците на АУДИ, кои се новиот сопственик на тимот, за време на Германското Мото ГП Валентино Роси даде уште една нова индикација за тоа дека тој ќе остане во тимот на Дукати и по завршувањето на оваа сезона.
По падот на патеката Асен, Лоренцо веднаш беше забележан како потскокнува со едната нога, но дури по лекарскиот преглед во болницата биле констатирани истегнати лигаменти и посериозни гребаници на десниот ножен зглоб.
Лоренцо ја загуби предноста од 25 бодови во генералниот пласман пред Стонер заради непромислениот потег на Алваро Баутиста заради кој трката за Лоренцо заврши во првиот свиок на Асен.
Кејси Стонер дојде до третата пол позиција во сезоната откако во драматичните квалификации на патеката Асен забележа време од 1'33.713 во последната минута од сесијата и ја превзема водечката позиција од Дани Педроза.
На последниот тренинг пред трката за ГН на Холандија која во сабота се вози на патеката Асен, возачот на Репсол Хонда, Дани Педроза постави најдобро време.
Шестата рунда од МотоГП шампионатот која денеска се возеше на патеката Силверстоун за ГН на Велика Британија му припадна на Хорхе Лоренцо, со што шпанецот ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Кејси Стонер на 25 бода.