Веб сајтот motociclismo.es по повод шпанскиот ден на шегата пласираше информација за потпис на Роси и Педроса со тимот на Сузуки од 2017 година.
Според информациите „до кои дошле“, од 2017 година Валентино Роси и Дани Педроса ќе настапуваат за фабричкиот тим на Сузуки во МотоГП шампионатот.
Доколку се оствари најавата за Роси нема да биде изненадување промената на тимот, но за Педроса ќе биде прв пат тој да вози за друг тим освен Репсол по доаѓањето во премиерната класа во 2006 година.
Веб сајтот во продолжение наведува и дека Хонда веќе размислува за достојна замена за Педроса, а како потенцијален тимски колега за Маркез се спомнува Маверик Вињалес кој со Сузуки има договор до 2016. Сеуште неизвесна е судбината на Алеш Еспергаро по доаѓањето на Роси и Педроса во Сузуки, но од друга страна пак сеуште не е познато и кој ќе настапува за Јамаха од 2017.
Иако се работи за измислена сторија напишана по повод денот на шегата многу светски медиуми ја пренесоа како вистинита.

Коментари