(Време на читање: 2 - 4 минути)


Икер Лекуона ќе продолжи да ги брани боите на фабричкиот тим на Ducati во MOTUL FIM Superbike шампионатот и во наредните две сезони. Шпанецот, кој оваа година се приклучи на екипата на Aruba.it Racing – Ducati, потпиша нов договор со кој ќе остане во тимот и во сезоните 2027 и 2028 година.

Оваа одлука доаѓа како резултат на одличните настапи на 26-годишниот возач во тековната сезона, во која на 24 трки успеа да се искачи на подиумот дури 20 пати. Меѓу нив е и неговата прва победа во WorldSBK, остварена во Велика Британија, што го потврди неговиот статус на еден од најпостојаните возачи во шампионатот. Лекуона стана постојан дел од подиумот заедно со својот тимски колега Николо Булега, завршувајќи на второто место зад него во 19 од 24 трки оваа година.

57415_jdr_r06_2026_ambience-2-7

Успешна сезона со Ducati

Откако претходно помина четири години со Honda, со која забележа два подиума, Лекуона со преминот во Ducati направи голем чекор напред. Единствените настапи на кои не се искачи на подиумот беа трите трки од првата рунда во Австралија и Tissot Superpole трката во Донингтон Парк, каде што падна додека беше во водство. Покрај настапите во Superbike, Лекуона оваа година имаше и импресивен настап на трката за Големата награда на Унгарија во MotoGP, каде возеше за Gresini Ducati и заврши на седмото место.

Историја во WorldSBK и MotoGP

Лекуона дебитираше во WorldSBK во 2022 година заедно со Чави Виерге во тимот на Honda HRC. Во тој период ја освои својата прва пол-позиција на домашната патека во Каталонија, а на подиумот се искачи на трката во Асен во 2022 година и во Есторил во 2024 година, завршувајќи на третото место. Со Honda исто така победи на престижната трка „8 часа на Сузука“ во 2022 година, заедно со Тецута Нагашима и Такуми Такахаши. Пред да се пресели во WSBK, Лекуона две години се натпреваруваше во MotoGP, каде дебитираше на крајот на 2019 година, а во 2020 година настапи како редовен возач, но сезоната му беше предвреме прекината поради правилата поврзани со ковид-19. Најдобар пласман му беше шестото место на Големата награда на Австрија во 2021 година.

Многу сум среќен. Веќе неколку пати кажав како мојот живот целосно се промени откако се приклучив на ова големо семејство. Поради ова, продолжувањето на договорот со Aruba.it Racing – Ducati за мене е многу значајно. Сакам да им се заблагодарам на Aruba и Ducati што ми ја дадоа оваа нова можност. Одлично е да се размислува за заедничка иднина, но најважно сега е да ја завршиме оваа сезона на најдобар можен начин, обидувајќи се да уживаме, да продолжиме да ги подобруваме перформансите и пред сè, да постигнуваме сè поважни резултати.Икер Лекуона, возач на Aruba.it Racing – Ducati
Навистина сме среќни што го продолжуваме ова патување со Икер. Уште од самиот почеток верувавме во неговиот талент, но она што навистина нè освои беше начинот на кој стана дел од групата: тој се прилагоди на моторот и на тимот многу природно, секогаш носејќи ја истата страст, посветеност и тимски дух што ја дефинираат нашата гаража. Фантастично е што пред нас имаме уште две заеднички сезони. Пред нас сè уште има долг пат и имаме намера да го поминеме до крај, со амбиција да се бориме за најголемите резултати.Стефано Чекони, тимски директор на Aruba.it Racing – Ducati
Продолжувањето на договорот со Икер за следните две сезони е важен знак за целиот проект на Ducati во WorldSBK. За само неколку месеци тој покажа дека покажа дека одлично го разбира Panigale V4 R и знае максимално да го искористи неговиот потенцијал, брзо претворајќи го својот потенцијал во конкретни резултати и покажувајќи постојан раст и од технички и од натпреварувачки аспект. Сегашните темели се многу цврсти, а има значителен простор за напредок. Икер донесе брзина, чувство за возење и искуство, што се клучни елементи во сè поконкурентниот шампионат. Сега целта е да продолжиме да работиме систематски, обидувајќи се уште повеќе да го подигнеме нивото во секоја област. Убедени сме дека со оваа амбиција и континуитет, тој може да биде еден од главните кандидати во борбата за најголемите успеси што нè очекуваат во блиска иднина.Џиџи Дал'Иња, генерален директор на Ducati Corse
Пријавете се на билтенот за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: