BMW официјално го потврди ангажманот на Бред Биндер за сезоната 2027 во Светскиот шампионат во супербајк (WorldSBK). Јужноафриканецот ќе му се придружи на фабричкиот тим на германскиот производител, каде што ќе го дели гаражниот простор со Мигел Оливеира.
Николо Булега официјално ќе дебитира во MotoGP шампионатот од 2027 година, откако потпиша двегодишен договор со тимот Pertamina Enduro VR46 Racing Team. Италијанскиот возач, кој доаѓа од Superbike шампионатот, ќе биде дел од новата постава на тимот од Тавулија, кој неодамна го продолжи статусот на фабрички поддржан тим на Ducati до 2029 година.
„Слик“ гумите се целосно мазни и дизајнирани за максимален контакт на сува патека, што е клучно за мотоцикли кои достигнуваат брзини над 360 km/h. Иако на нормалните мотори мазната гума би значела опасност, во MotoGP таа е неопходна за да се максимизира контактната површина со асфалтот.
Џек Милер официјално го напушта MotoGP шампионатот и од 2027 година ќе биде дел од фабричкиот тим на Yamaha во светскиот Superbike шампионат (WorldSBK).
Тимот на VR46 официјално потврди дека соработката со Франко Морбидели ќе заврши по крајот на оваа сезона. Оваа промена го отвора патот за доаѓањето на Николо Булега во MotoGP шампионатот, кој ќе му се приклучи на тимот во 2027 година.