Со враќањето на Michelin во шампионатот, се промени и улогата која ја имаат пневматиците. Тие сега имаат клучна улога при формирањето на стратегијата во пресрет на тркачкиот викенд. Андреа Довициозо неодамна изјави дека тие се најзаслужни за успехот оваа сезона.
На една рунда до крајот, Реа е веќе шампион со досега освоени 506 поени додека пак за второто место се борат Дејвис и Сајкс кои имаат по 363 поени. Во моментов Дејвис се наоѓа пред Сајкс на табелата бидејќи има постигнато повеќе победи во текот на сезоната.
Алеш Еспаргаро го заврши првиот ден од тестовите во Австралија на изненадувачкото прво место откако на најдобар начин ги искористи временските услови на Филип Ајленд. На крајот Еспаргаро заврши со предност од 0.005 пред лидерот во шампионатот, Марк Маркез.