Возачот на Marc VDS, Франко Морбидели, беше прогласен за шампион за 2017 година во Moto2 шампионатот уште пред да почне трката во Малезија откако единствениот негов ривал, Томас Лути, не доби дозвола да стартува поради повредата со која се здоби за време на квалификациите.
Возачот на Ducati беше најбрз на петочните тренинзи. Неговиот главен ривал, Марк Маркез, кој во моментов има 33 поени предност, на првиот слободен тренинг заврши на петото место, додека пак на вториот, се најде на втората позиција.