После 38 години, Гран При трките се враќаат во Финска. Денеска Dorna потврди дека постигнале пет годишен договор со патеката „KymiRing“ која ќе биде домаќин на MotoGP од 2019 година.
Анхел Нието почина по сообраќајната несреќа која ја доживеа на Ибица. Нието, кој е освојувач на 12 + 1 шампионски титули, почина во вторникот попладне откако се здоби со сериозни повреди додека возеше мотоцикл со четири тркала на Ибица.
Извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали, смета дека проблемот со популарноста со кој се соочува Светскиот Супербајк шампионат е поради фактот дека во моментов тој не се разликува премногу од MotoGP.
Red Bull Honda потврди дека поранешната ѕвезда во Светскиот Супербајк шампионат, Давид Џулиано, ќе настапи за нивниот тим на дводневниот тест во Лаусицринг