Со големо жалење мораме да ви ја пренесеме информацијата дека 2017 Isle of Man TT ја зеде првата жртва. Англичанецот Дејви Ламберт почина откако се здоби со сериозни повреди по инцидентот кој го имаше на 4-ти јуни на трката Superbike TT.
Со новиот договор кој го потпишаа Aprilia Racing и ManpowerGroup, а кој се однесува на MotoGP светскиот шампионат, брендот Experis е додаден на RS-GP машините кои ги возат Алеш Еспаргаро и Сем Ловс во текот на целата сезона 2017.